Пословици. Chapter 25

1 И ова се мудри изреки Соломонови, што ги собраа лу ето на јудејскиот цар Езекија.
2 Слава за Бога е да ја вообликува секога работа со тајна, а слава за царевите е да ги истражуваат работите.
3 Како небото во висините и земјата во длабочините, така и срцето на царевите е неиспитливо.
4 Оддели ја смесата од среброто, и истата ке биде работа на златарот;
5 оддалечи го неправедниот од царот, и престолот негов ке се зацврсти со правда.
6 Не се кревај на големо пред лицето на царот и не седнувај на местото на големците;
7 зашто подобро е кога ке ти кажат: ‘дојде тука погоре‘, отколку кога ке те понизат пред кнезот, кога го виделе очите твои.
8 Она што го виделе твоите очи не брзај да го изнесеш во обвинение, зашто, што ке правиш на крајот, кога твојот противник ке те посрами?
9 Суди се со противникот, но ту и тајни не откривај,
10 за да не те прокори оној, што ке го чуе тоа, и тогаш нечесноста твоја нема да избега од тебе. Љубовта и дружбата ослободуваат: запаси ги за себеси, за да не станеш достоен за навредување; запази си ги патиштата свои добро уредени.
11 Уместно кажаниот збор е како златно јаболко во сребрена кошничка.
12 Мудриот разобличувач за внимателно уво е како златна обетка и украс од чисто злато.
13 Како ладен снег во време на жетва, така е верен оној пратеник, што се испрака: тој му донесува утеха за душата на својот господар.
14 Како облаците и ветровите без дожд, таков е човекот, кој се фали со лажливи подароци.
15 Во долготрпеливота е успехот на царевите, а мек јазик коски крши.
16 Ако најдеш мед, само јади, колку што ти треба за да не се прејадеш и да не го повратиш.
17 Не оди често во куката на пријателот свој, за да не му додеваш и да не те намрази.
18 Она што е чеканот, мечот и острата стрела, таков е човекот, кој што сведочи лажно против ближниот свој.
19 Она што е скршен заб и крива нога, таква е надежта на безнадежниот во злочест ден.
20 Она што е оној, кој соблекува облека во студен ден, она што е оцет на рана, таков е оној, кој песни пее на натажено срце. Како што молец ја повредува облеката и црвот - дрвото, така жалоста го повредува човековото срце.
21 Ако непријателот твој е гладен, нахрани го со леб; и ако е жеден, напој го со вода;
22 зашто, правејки го тоа, ти натрупуваш жар врз главата негова, и Господ ке ти воздаде.
23 Северниот ветер дожд донесува, а таен јазик - незадоволни лица.
24 Подобро да живееш во агол на покривот, отколку со жена кавгаxика во широка кука.
25 Она што е студената вода за измачената душа од жед, тоа е добрата вест од далечна страна.
26 Она што е заматен извор и растурен кладенец, тоа е праведниот кој па а пред нечесниот.
27 Како што не е добро да се јаде многу мед, така не е добро и да лакомиш за слава што не е слава.
28 Она што е разрушен град, без sидови, таков е човекот, кој не владее со духот свој.