Пословици. Chapter 20

1 Виното е потсмевка, ракијата - бунтовник; и секој, кој им е потчинет, не е разумен.
2 Заплашувањето од царот е како лавовско рикање: кој го дразни, греши против себеси.
3 Чест е за човекот да се воздржи од кавга; а секој неразумен се вплеткува во неа.
4 Мрзливиот од укори не се срамува, не се срамува ни оној, кој позајмува жито за време на жетва.
5 Помислите во срцето на човекот се длабоки води, но разумен човек ги исцрпува.
6 Мнозина го фалат човекот за милосрдноста негова, но кој нао а вистински човек?
7 Праведникот оди по својата непорочност: блажени се децата негови по него.
8 Кога цар праведен седи на престол, нему не му се противи никакво зло.
9 Кој може да каже: 'Го очистив срцето свое, чист сум од гревот свој?'
10 Нееднакви терзии, нееднаква мерка, - и едното и другото се одвратност пред Господа.
11 Дури и дете може да се познае по работите негови: чисто ли ке биде и правилно ли ке биде поведението негово?
12 Уво, кое слуша, и око, кое гледа, - и едното и другото Господ го создал.
13 Не љуби да спиеш, за да не осиромашиш; држи ги отворени очите свои, и ке јадеш леб до наситување.
14 'Лошо е, лошо е,' вели купувачот, а кога ке одмине, тогаш се фали.
15 Има злато и многу скапоцени камења, но разумната уста е поскапоцена од се.
16 Земи ја облеката негова, бидејки се заложил за ту човек; и за ту инка земи залог од него.
17 Леб, спечален со неправда, му се засладува на човека; но подоцна - устата негова со песок се наполнува.
18 намерите добиваат цврстина преку советување: и по советувањето водат војна.
19 Кој оди да оговара, открива тајна, и кој широко ја отвора устата своја, со него не се здружувај.
20 Кој зборува лошо за татка си и мајка си, зениците на очите негови ке згаснат среде длабока темнина.
21 Налседство, што се добива уште во почетокот, набрзина, нема да биде благословено отпосле.
22 Не вели: 'Kе му се одмаздам на непријателот', туку остави на Господа, Он ке ти помогне.
23 Двојни мерки се одвратност пред Господа; и неточни мерки не се добри пред Господа.
24 Стапките на човекот се определуваат од Господа; тогаш, како човекот може да го дознае патот свој?
25 Стапица е за човекот набрзина да вети жртва, а по жртвата да се кае.
26 Мудар цар ги распознава нечесните и го свртува врз нив тркалото.
27 Господово светло е човечкиот дух, кој ги испитува сите длабочини на срцето.
28 Милоста и вистината го запазуваат царот, и со милост тој го одржува престолот свој.
29 Слава за младите е нивната сила, а украс за старците - е нивната бела коса.
30 Раните од борбата се лек против злото, исто така и ударите, што стигнуваат до внатрешноста на утробата.