Пословици. Chapter 30

1 Зборовите на Агура, син Јакеов, од Маса; негово пророштво, кажано на Итила, за Итила и Укала.
2 Навистина, јас сум понеук од кого и да било ме у лу ето, и во мене нема разум човечки,
3 Бог ме научи на премудрост и ја разбрав разумноста на светиите.
4 Кој се искачил на небото и слегол оттаму? Кој собрав ветар во пазувата своја? Кој врзал вода на наметката своја? Кој ги поставил сите краишта на земјата? Како му е името? И кое е името на синот негов? Знаеш ли?
5 Секој збор од Бога е чист; Он му е штит на оној, што се надева на Него.
6 Не додавај кон зборовите Негови, за да не те разобличи, и да не излезеш лажливец.
7 За две работи те молам; не ми откажувај пред да умрам:
8 суетата и лагата оддалечи ги од мене, сиромаштија и богатство не ми давај, - храни ме со насушниот леб,
9 та, откако ке се пренаситам, да не се откажам од Тебе и да кажам: ‘Кој е Господ‘ и, откако ке осиромашам, за да не почнам да крадам и да го употребува името на мојот Бог напразно.
10 Не клевети го слугата пред господарот негов, за да не те проколне, и ти да останеш виновен.
11 Лошото чедо високо ги држи очите свои, и толку се кренати клепките негови!
12 Лошото чедо се смета за чисто, а не е измиено од нечистотиите свои.
13 Лошото чедо високот ги држи очите свои, и толку се кренати клепките негови!
14 Лошото чедо има заби како мечеви, а катниците негови се како ножеви, за да ги изедува сиромасите по земјата и немокните ме у лу ето.
15 Пијавицата има две керки кои велат 'Дај, дај!' Има три работи ненаситни и четири што не велат 'Доволно.'
16 Тое се: пеколот и утробата неплодна, земјата, која не се наситува со вода, и огнот, кој не вели: ‘доста‘!
17 Око, кое му се потсмева на татка си и не сака да се покорува на мајка си, кое ке биде исколвано од долински гаврани и од орлови пилци изедено!
18 Тир работи се недостижни за мене, а четвртата, не ја ни разбирам:
19 патиштата на орелот по небото, ползењето на змијата по карпите, патеките на коработ среде море и патот на маж во младоста негова.
20 Таков е патот и на жена прељубница: се најала и ја избришала устата своја, па вели: ‘ништо лошо не сум направила.‘
21 Од три работи се тресе земјата, а четвртата не може да ја поднесе:
22 од слуга, кога ке стане цар; од безумен, кога до наситување ке се најаде со храна,
23 од распуштена жена, кога ке се омажи, и од слугинка, кога го зазема местото на господарката своја.
24 Има четири мали животни на земјата, но тие се помудри и од мудреците:
25 мравките - во кои нема сила, но лете сепак си ја приготвуваат храната;
26 јазовците - иако слаби животни, но ги прават куките свои во камен;
27 скакулците, кои немаат цар, но излегуваат во војна сите во редови;
28 пајакот, кој со раце се лови, но се нао а и во царските палати.
29 Еве три, коишто убаво чекорат, и четвриот, кој свечено настапува:
30 лавот, најсилен ме у sверовите, кој нема да се врати и да се исплаши од никого;
31 и петелот кој надуено шета ме у кокошките; како царот ме у својот народ.
32 Ако гордоста те тера на безумни дела и си намислил зло, стави ја раката на устата своја.
33 Зашто, како кога се бие млеко, се добива масло, кога ке се удри носот, потечува крв, така и кога се предизвикува гнев, произлегува кавга.