Пословици. Chapter 13
1 Мудар син слуша татковата поука, а непослушниот не го слуша прекорот.
2 Од плодот на устата своја човекот ке вкуси добро, а душата на беззаконикот ке загине предвреме.
3 Кој ја чува устата своја, тој ја чува душата своја; а кој широко ја отора устата своја, тешко нему.
4 Душата на мрзливиот посакува, но напразно; а душата на работливиот ке се насити.
5 Праведниот го мрази лажливиот збор, а нечесниот се срами и нема смелост.
6 Правдата го чува непорочниот, а нечеснотса го погубува грешникот.
7 Некој се покажува богат, а нема ништо; друг се прикажжува за сиромав, а има големо богатство.
8 Со богатство човек го искупува животот свој, а сиромавиот и заплашувањето не го слуша.
9 Светлината на праведниците свети секогаш, а светилото на нечесните згаснува.
10 Од гордоста произлегува спечалено со беззаконие, се намалува, а кој собира со труд, го зголемува.
11 Богатството, спечалено со беззаконие, се намалува, а кој собира со труд, го зголемува.
12 Надежта, долго неостварена, го изнемоштува срцето, а исполнета желба е како дрво на животот.
13 Кој не води грижа за словото, тој си штети, а кој се бои од заповедта, нему ке му се даде.
14 Учењето на мудриот е извор на животот, кој го оддалчува од мрежите на смртта.
15 Добриот разум донесува пријатност, а патот на беззаконицте, води во пропаст.
16 Секој благоразумен работи со знаење, а глупавиот се истакнува со глупости.
17 Лош гласник па а во беда, а верен гласник е спасение.
18 Немаштија е срам за оној, што го отфрла учењето; а оној, кој ја пази поуката, ке се прослави.
19 Изполента желба е пријатна за душата, но на глупавите им е тешко да го одбегнуваат злото.
20 Кој се состанува со мудри, мудар ке биде; а кој другарува со безумни, глупав ке биде.
21 Грешниците злото ги гони, а на праведниците им се врака добро.
22 Добриот остава наследство и на внуци, а богатството на грешникот се чува за праведните.
23 Праведните имаат богатство многу години, неправедните бргу го загубуваат.
24 Кој ја жали прачката своја, го мрази синот свој; а кој го сака, го казнува за да го поправи.
25 Праведникот јаде до наситување, а стомакот на беззакониците трпи од недостиг.