Пословици. Chapter 10
1 Мудар син го радува татка си, а безумниот син е тага на мајка си.
2 Беззакони ризници не донесуваат полза, а правдата од смрт спасува.
3 Господ не допушта да гладува душата на праведникот, но на безбожниците го одзема.
4 Мрзливата рака донесува сиромаштија, а раката на работливиот збогатува.
5 Кој собира преку летото, е разумен син, а кој спие за време на жетвата, е неразумен син.
6 Благослов почива врз главата на праведниот, а насилство им ја затвора устата на беззакониците.
7 Споменот за праведниот ке биде благословен, а името на нечестивите ке биде проколнато.
8 Мудриот по срце прима заповеди, а неразумниот, кој брбори, ке се сопне.
9 Кој оди во непорочност, оди без страв; а кој ги искрувува патиштата свои, ке биде казнет.
10 Онаа што намигнува со очите, го срамоти мажот свој, а кој глупаво зборува - пропа а.
11 Устата на праведникот е извор на животот, а насилството им ја затвора устата на беззакониците.
12 Омразата предизвикува раздори, а љубовта ги покрива сите гревови.
13 Во устата на разумниот има мудрост, а за грбот на глупавиот - стап.
14 Мудрите го чуваат знаењето, а устата на глупавиот е близу до смртта.
15 Имотот на богатиот е негов утврден град, а пропаст за бедните е нивната сиромаштија.
16 Трудот на праведникот води кон живот, успехот на нечестивиот - кон грев.
17 Кој ја пази поуката, тој е на патот кон животот; а кој го отфрла разобличувањето - талка.
18 Којшто крие омраза, има лажлива уста; а кој шири клетви, е глупав.
19 При многу зборување не се избегнува гревот, а разумен ке бидеш ако ја воздржуваш устата своја.
20 Јазикот на праведниот е одбрано сребро, а срцето на нечестивите - нема вредност.
21 Устата на праведниот поучува мнозина, а глупавите умираат од недостиг на разум.
22 Благословот Господов - збогатува, и не донесува со себеси тага во срцето.
23 Глупавиот со веселба го прави она што е престапно, а на разумниот човек мудроста му е својствена.
24 Од она од што се плаши нечестивиот, тоа ке го снајде, а желбата на праведниците ке се исполни.
25 Како што виорот минува, така и нечестивиот ке исчезне; а праведникот е врз вечни основи.
26 Она што е јагуридата за забите и димот за очите, таков е и мрзливиот за оние што пракаат.
27 Стравот Господов додава денови, а годините на нечестивите ке се скратат.
28 Очекувањето на праведниците е радост, а наджта на нечестивите ке загине.
29 Патот Господов е крепост за непорочниот, а пропаст за оние, што вршат беззаконие.
30 Праведниот нема да се поколеба никогаш, а лошите нема да ја населат земјата.
31 Од устата на праведникот тече мудрост, а злоштетникот јазик ке биде пресечен.
32 Устата на праведникот го познава благопријатното, устата на нечеситвите - развратното.