Пословици. Chapter 16
1 Човекот размислува во срцето свое, но одговорот на јазикот е од Господа.
2 Сите дела на смирениот му изгледаат дека се исправни, но Господ ги мери душите.
3 Предај ги делата свои на Господа, и твоите намери ке се исполнат.
4 Господ направи се со определена цел, и за нечесниот - злочест ден.
5 Секој горделив по срце е одвратност пред Господа: можеш да потврдиш, дека тој нема да остане неказнет. Почетокот на добриот пат е - да се врши правда; тоа е поугодно пред Бога, отколку да се принесуваат жртви. Кој Го бара Господа, ке најде знаење со правда; оние што навистина Го бараат, ке најдат мир.
6 Со милосрдност и правда грев се исчистува, и со страв Господов зло се отстранува.
7 Кој го бара Господа - тој добива разумност и праведност.
8 Кој што бара правда - тој ке добие спокој.
9 Сите дела Господови се добри, а нечесниот - лош ден го очекува.
10 Во устата на царот има вдахновено слово; неговата уста не смее да греши на суд.
11 Точните мерила и тасовите се од Господа; од него се и сите точни мерки.
12 Незаконско дела е одвратно за царевите, зашто со правда престолот се зајкнува.
13 Спреведлива уста на царот му е пријатна, и Господ го сака оној, што ја кажува вистината.
14 Царевиот гнев е гласник на смртта; но мудар човек ке го смилостиви царот.
15 Во светлиот поглед на царот има живот, и неговото благоволение е облак со задоцнет дожд.
16 Да се здобиеш со мудрост е многу подобро, отколку со злато, и да се здобиеш со разум е повеке за предпочитување отколку одбрано сребро.
17 Патот на праведните е отстранување од злото: патиштата на праведните водат кон долг живот; кои примаат поука - добрини ке видат, а кои примаат прекори - помудри ке бидат; кој ги пази своите патишта - душата своја ке ја запази; кој го сака животот свој - тој внимава што зборува.
18 Пред погибел гордоста врви, и пред па ање - надуеноста.
19 Подобро е да се смируваш во духот со кротки, отколку да делиш грабеж со горделиви.
20 Кој ја води разумно работата своја, добро ке најде, и кој се надева на Господа, блажен е.
21 Мудрите по срце, разумни ке ги наречат, и слаткиот збор го зголемува знаењето.
22 Разумот за оние, што го имаат, е извор на животот, а ученоста на безумниот е зло.
23 Срцето на мудриот го прави јазикот негов мудар, разумнот се пројавува и во устата негова.
24 Пријатни зборови се восочен мед: за душата слатки, а за коските лековити.
25 Има патишта, кои на човекот му изгледаат прави, но крајот им е пат кон смртта.
26 Кој се труди, се труди за себеси, зашто кон тоа устата го упатува; подмолниот во својата уста ја носи својата пропаст.
27 Лукав човек зло на себеси прави, во устата своја - оган разгорува.
28 Подмолен човек сее раздор, и клеветник пријатели разделува.
29 Насилник човек го мами својот ближен и го води кон лош пат;
30 замижува со очите, за да измисли подмолност: прекасувајки си ги усните, извршува зло; тој е оган од злоба.
31 Староста е венец на славата, таа води по патот на правдата.
32 Долготрпеливиот е подобар од храбриот, и кој владее со себеси, подобар е и од завојувачот на градови.
33 Жреб се фрла во скут, но се што решава тој, од Господа е.