Пословици. Chapter 9
1 Премудроста си изгради дом, ги утврди седумте столбови негови,
2 ги закла своите жртви, го расточи во чаша виното свое и ја приготви трпезата своја;
3 ги испрати слугите свои да огласат од градските височини:
4 'Кој е неразумен, да наврати тука!' И на малоумните таа им рече:
5 'Дојдете, јадете го лебот мој и пијте го виното, што сум го приготвила;
6 оставете ја неразумноста, и ке живеете; одете по патот на разумот.'
7 Кој поучува бесрамник, ке си спечали неславност, и кој го разобличува нечестивецот - дамка.
8 Не изобличувај го бесрамникот, за да не те намрази; поучувај го мудриот, и тој ке те засака.
9 Дај му совет на мудриот, и тој ке биде уште помудар; научи го праведниот, и тој повеке ке напредне во знаењето.
10 Почеток на мудроста е стравот Господов, и познавањето на светиот е разум;
11 зашто преку мене ке ти се умножат дните, и ке ти се додадат години на животот.
12 Синко! Ако си мудар, мудар си за себеси и за ближните свои; и ако си лош, самиот ке страдаш. Кој се крепи на лага, тој пасе ветрови, потскокнува зад птиците што фрчат: зашто тој го оставил патот кон своето лозја и талка по патеките на нивата своја; минува преку безводна пустиња и земја, осудена да жеднее со рацете свои собира бесплодност.
13 Жена без расудување е зборлива, безумна и ништо не разбира,
14 седнува пред кукната врата на стол, по високите места на градот,
15 за да им вели на минувачите, што си одат право по патот:
16 'Кој е глупав, нека наврати тука', а на малоумните им вели:
17 'Крадена вода е слатка, и сокриен леб е - пријатен.'
18 И тој не знае дека поканетите од неа родени на земајта умираат, и дека се во дното на пеколот. Но ти оттргни се, не задржувај се на тоа место, не запирај го погледот свој на неа; зашто само така ке минеш преку ту а река. Бегај од ту а вода и не пиј од ту извор, за да поживееш многу време и да ти се додадат години на животот.