Пословици. Chapter 14
1 Мудра жена си ја уредува куката, а глупавата ја урива со рацете свои.
2 Кој оди по прав пат, се плаши од Господа; на кого патиштата му се криви, тој не мисли за Него.
3 Во устата на безбожникот се камшикот на гордоста; а мудрите ги запазува нивната уста.
4 Каде што нема волови, јаслите се празни; а од силата на воловите има изобилно жито.
5 Верен сведок не лаже, а лажливиот сведок шири многу лаги.
6 Развратникот бара мудрост, и не ја нао а; а разумниот до знаењето лесно доа а.
7 Бегај од безумен човек, кај кого не забележуваш разумна уста.
8 Мудроста на разумниот е да го знае патот свој, а безумноста на безрасудните е заблуда.
9 Домовите на беззакониците треба да се чистат, а домовите на праведните се чисти и пријатни.
10 Срцето ја знае тагата на душата своја, и ту не се мека во радоста негова.
11 Куките на беззакониците ке се сотрат, а живеалиштата на праведните ке опстојат.
12 Има патишта, кои на човека му изгледаат прави, но крајот нивни води до дното на пеколот.
13 И при смеа понекогаш срцето боли, а по радоста настаува тага.
14 Човек со развратно срце ке се насити од своите патишта, но добриот - си оди по правите.
15 Неразумниот верува на секој збор, а благоразумниот е внимателен на своите чекори.
16 Мудриот бега од злото, а неразумниот се надева во себе и со беззаконици се дружи.
17 Избувливиот човек не слуша совет, а пакосниот е омразен.
18 Безумните се исполнуваат со злоба, а благоразумните се укразуваат со венец.
19 Лошите ке се приклонат пред добрите, а нечесните - служат пред вратите на праведникот.
20 Сиромавиот го мразат дури и неговите блиски, а богатиот има многу пријатели.
21 Греши оној што го презира сиромавиот, а блажен е оној што е милосрден кон сиромасите.
22 Нели се заблудуваат оние, што кројат зло? Не знаат милост и верност, кои вршат зло; но милост и верност има кај оние што мислат добро.
23 Од секој труд има изобилен плод, а празните зборови и негрижата водат кон скудност.
24 Венец на мудрите е богатството нивно, а животот на безумните е само зло.
25 Верен сведок души спасува, а лажливиот лаги измислува.
26 Во стравот пред Господа има голема надеж, и на чедата Свои Он им е прибежиште.
27 Стравот Господов е извор на животот, извор што оддалечува од мрежите на смртта.
28 Во многуброен народ е величието на царот, а кога нема народ - пропаст е за господарот.
29 Кај трпеливиот човек разум има многу, а лутиот полн е со глупости.
30 Кроткото срце е живот за телото, а зависта е гнилеж за коските.
31 Кој притеснува сиромав, го навредува неговиот Создател, а кој Го почитува Создателот, му прави добро на оној што е во нужда.
32 За своето зло нечесниот ке биде отфрлен, а праведниот и при смртта ке има надеж.
33 Мудроста почива во срцето на разумниот, а во срцето на безумниот не се јавува.
34 Правдата подига народ, а беззаконието ги срамоти племињата.
35 На царот мил му е разумниот слуга, а се разгневува против оној, кој го посрамува.