Пословици. Chapter 5
1 Синко, внимавај на мудроста моја и приближи го увото кон зборовите мои,
2 за да ја запазиш добрата мисла, и устата твоја да го зацврсти знаењето; не и обрнувај внимание на лошата жена,
3 зашто мед тече од устата на блудница, и нејзиниот збор е помек од елејот;
4 но последиците од неа се горчливи како пелин, остри како меч со две сечива;
5 нозете нејзини слегуваат кон смртта, стапките нејзини водат до пеколот.
6 Таа не оди по патот на животот, патиштата нејзини се непостојани, таа не е разумна.
7 Затоа сега, синко, послушај ме и не отстапувај од зборовите Мои.
8 Држи го подалеку од неа патот свој и не приближувај се до вратата на куката нејзина,
9 за да не си го дадеш животот свој на друг и годините свои на мачител;
10 за да не се наситуваат ту инците од твојата сила, и трудовите твои да не бидат за ту а кука,
11 за да офкаш отпосле, кога плотта твоја и телото твое ке бидат истоштени, -
12 оти потоа ке речеш: 'Зошто ја мразев поуката, и срцето мое го презираше разобличувањето,
13 зошто не го послушав гласот на моите учители, и не го приклонував увото кон оние што ме поучуваа?
14 За малку ке паднев во секакво зло среде собранието и општеството!'
15 Пиј од водата на твојот извор и од онаа, што извира од твојот кладенец.
16 Нека не се разлеваат твоите извори по улицата, водните потоци - по плоштадите;
17 нека ти припа аат тие само тебе, а не и на ту инци.
18 Благословен да биде изворот твој; и утешувај се со жената на својата младост,
19 Нека ти е мила како кошута и како срна драга; нејзините гради нека те допираат во секое време, со љубовта нејзина насладувај се постојано;
20 и зошто ти е, синко, да се забавуваш со надворешна и да ги прегрнуваш градите на ту а?
21 Оти патиштата на човекот се пред очите на Господа, и Он ги гледа сите патеки негови.
22 Беззаконикот го факаат неговите сопствени беззаконија, и врските на гревот негов го држат:
23 тој умира без да биде поучен, и поради големото свое безумие загинува.