Пословици. Chapter 15
1 Гневот и разумни погубува. Кроткиот одговор гневот го ублажува, а навредлив збор јарост предизвикува.
2 На мудрите јазикот добри знаења искажува, а на безумните устата глупост им објавува.
3 Очите Господови се на секое место: тие ги гледаат лошите и добрите.
4 Кроток јазик е дрво на животот, кој го запазува - ке се исполни со дух.
5 Безумниот се подбива со татковата поука; а кој слуша изоблучувања, благоразумен е. Во многу правда име голема сила, а нечесните ке бидат искоренети од земјата.
6 Во куката на праведникот - обилни ризници, а имотот на нечесниот - пропа а.
7 Устите на мудрите знаење сеат, но срцето на безумните не постапува така.
8 Жртвата на нечесните е одвратност пред Господа, а одговорите на праведните Му се благоугодни.
9 На нечесниот патот е одвратност пред Господа, а кој ја бара правдата, Он го сака него.
10 Казната на добриот сите ја гледаат, а кој го мрази изобличувањето - срамно завршува.
11 Пеколот и пропаста се откриени пред Господа, а како ли нема да бидат - срцата на синовите човечки?
12 Развратникот не ги сака оние, што го прекоруваат, тој не разговара со мудрите.
13 Весело срце го прави лицето весело, а при срдечна жалост - тоа е натажено.
14 На разумен срцето бара знаење, а устите на безумните со зло се хранат.
15 На измамник сите дни му се тажни; а на кого срцето му е весело, во него секогаш има гозба.
16 Подобро малку, но со страв Господов, отколку голема ризница, и со неа немир.
17 Подобро јадење од зеленчук, и со него љубов, отколку угоени телиња, и со нив омраза.
18 Избувлив човек расправии крева, а трпеливиот расправии смирува. Трпеливиот караници смирува, а нечесниот ги разгорува.
19 Патот на мрзливиот е послан со трње, а патот на праведниот е чист.
20 Мудар син го радува татка си, а безумниот - ја ожесточува мајка си.
21 На малоумниот безумни му се патеките, а разумен човек оди по правиот пат.
22 Без советување намерите се расутраат, а при многу советници тие успеваат.
23 Безумниот не слуша добар совет, а и не советува она што е добро за сите.
24 Мудриот размислува за патот на животот, за да се отстрани од патот што води во пеколот и да се спаси.
25 Господ ке го сотре домот на гордите, а ме ата на вдовицата ке ја зајакне.
26 Помислите на лошите се одвратни пред Господа, а зборовите на непорочните Му се угодни.
27 Лакомиот ке го растури својот дом, а оној, кој мрази подароци, ке живее; со милостиња и чесност гревовите се чистат, а стравот од Господа запазува од гревот.
28 Срцето на праведниот се поучува од верата, а устата на нечесните исфрла зло. Пријатни се пред Господа патиштата на праведните; преку нив и непријателите стануваат пријатели.
29 Господ е далеку од нечесните, но ја слуша молитвата на праведните.
30 Светол поглед срце радува, добра вест коски храни.
31 Кој го слуша учењето на животот, ме у мудри ке живее.
32 Кој ја отфрла поуката, ја мрази душата своја; а кој слуша изобличување, тој ја сака душата своја.
33 Стравот Господов учи на мудрост, а пред славата оди смиреноста.