Пословици. Chapter 18

1 Тврдоглавиот се управува според своите желби и станува против се што е умно.
2 Безумниот не сака знаење; него глупоста го води.
3 Со доа ањето на нечесниот доа а и презирот, а со прекорот - доа а и срамот
4 Зборовите на човечката уста се длабоки води; тоа е река од изворот на животот.
5 Не е добро да бидеше лицемерен кон нечесниот, за да го собориш праведниот во судот.
6 Устата на безумниот води кон кавга, а зборовите негови предизвикуваат смрт.
7 Јазикот на безумниот е погибел за него, а усните негови се стапица за душата негова.
8 Зборовите на клеветникот се како слатки, и тие вегуваат внатре во утробата.
9 Немарниот во работата своја е брат на расипникот.
10 Името на Господа е цврста кула: ако во неа побегне праведник, во безопасност е.
11 Имотот на богат човек е како силен град и во мислите му е како висока ограда.
12 Пред па ање срцето на човекот се возгордува, а смиреноста оди пред славата.
13 Кој дава одговор пред да ислуша, безумен е, тоа е срам за него.
14 Духот на човекот го поткрепува во немок, а скршен дух - кој може да поткрепи?
15 Срцето на разумнитот се здобива со знаење, и увото на мудрите бара знаење.
16 Подарокот, што го дава човекот, му отвора пат и до големците го доведува.
17 Првиот по тужбата си е прав, но доа а противникот негов и го порекнува.
18 Жребот прекинува расправии и решава спор ме у силните.
19 Кога брат, братот свој го помага, тоа е силен град, а тој е како силна тврдина.
20 Од плодот на устата на човекот се полни стомакот негов; од плодовите на устата своја тој се наситува.
21 Смртта и животот му се потчинети на јазикот, и оние што го владеат, ке вкусат од плодовите негови.
22 Кој нашитл добра жена, нашол добро и добил благодат од Господа. Кој избркува добра жена, го брка доброто, а кој поддржува прељубница, безумен е и нечесен.
23 Сиромавиот говори со молба, а богатиот одговара остро.
24 Кој сака да има пријатели, и сам треба да биде дружељубив; зашто има пријатели поприврзани од брат.