Песна над песните. Chapter 2

1 Возљубената: Јас сум саронски нарцис, долински крин!
2 Возљубениот: Она што е кринот ме у трњето, тоа е мојата возљубена ме у момите.
3 Возљубената: Она што е јаболкницата ме у шумските дрвја, тоа е мојот возљубен ме у момците. Посакав сенка нејзина, и седнав; плодовите нејзини се слатки за грлото мое.
4 Тој ме воведе во куката за гозба, и знамето негово над мене беше љубов.
5 Поткрепете ме со сочни гроздови, освежете ме со јаболка, зашто сум болна од љубов.
6 Левата рака негова ми е под главата, а со десната ме прегрнува.
7 Возљубениот: Ве заколнувам керки ерусалимски, во срцните и во полските кошути: немојте да ја разбудувате и да ја вознемирувате возљубената, додека сама не посака.
8 Возљубената: Гласот на мојот возљубен, еве, го: доа а, скока преку фиданките по горите, прескокнува преку ридовите.
9 Мојот возљубен прилега на срна, на млад елен. Ете, стои зад sидот наш, погледнува низ прозорецот, sирка низ решетката.
10 Мојот возљубен се огаси и ми рече: 'Стани, мила моја, убавице моја, дојди!
11 Еве, зимата веке мина, дождот го снема, престана веке,
12 цвекињата се појавија по земјата; настана време за кроење лози, и гласот на гугутката се слуша во земјата наша;
13 смокрите ги отворија пупките свои, и расцутените лози пријатно мирисаат. Стани, мила моја, убавице моја, и дојди!
14 Гулабице моја во карпест пролом, под камено засолниште, покажи ми го лицето свое, дај ми да го чујам гласот твој, зашто гласот ти е sвонлив, и лицето ти е прекрасно.
15 Фатете ни ги лисиците, лисичињата, оти тие ги пустошат лозјата, а лозјата ни цутат.
16 Мојот возљубен е мој, јас, пак, сум - негова; тој го пасе стадото ме у кринови.
17 Додека денот не измине и сенките ги снемува, врати се, мил мој, и биди како срна, како млад елен, по горите што не разделуваат.