Песна над песните. Chapter 7

1 Хорот: О, колку се убави нозете твои во сандали, керко знаменита! Облите колкови твое се како веришки, дело од рацете на вешт уметник,
2 папкот ти е како чаша тркалезна, никогаш без арома; утробата твоја - купа пченица, опкружена со кринови;
3 двете твои гради - како две јаренца, како близначиња на срна;
4 Вратот твој - како столб од слонова коска; очите твои - Есевонски езерца кај Ватравимските порти; носот твој - Ливанска кула, свртена кон Дамаск;
5 главата твоја на тебе - како Кармил; а косата на главата твоја - како пурпур; цар се вплел во плетенките.
6 Возљубениот: О, колку си убава, о, колку заносна, возљубена моја, со твојата убавина!
7 Таа твоја снага прилега на палма, а твоите гради - на гроздови.
8 Си помислив: да се качев на палма, би се фатил за ветките нејзини; и твоите гради би биле место гроздови, и мирисот од твоите ноздри - како мирис на јаболко;
9 устата твоја е како најдобро вино. Возљубената: Тоа тече право кон возљубениот мој, и тече нечујно преку усните кои спијат.
10 Јас припа ам на возљубениот мој, и тој копнее по мене.
11 Дојди, мил мој, да излеземе во полето, да пренокеваме по селата;
12 утре рано ке појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ке те опсипам со милувања.
13 Мандрагорите веке шират пријатен мирис, и до вратата наша има секакви најубави плодови, нови и стари; кои ги зачував за тебе, мил мој!