Неемија. Chapter 2

1 Во дваесеттата година од царувањето на Артаксеркса, во месецот Нисан, имаше пред него вино. Јас го зедов виното и му го подадов на царот, и бев натажен пред него.
2 Но царот ме праша: 'Зошто ти е нажалено лицето? Ти не си болен, такво нешто нема, но секако имаш тага на срцето.' Јас многу се уплашив
3 и му реков на царот: 'Нека е жив царот засекогаш! Како да не ми биде тажно лицето кога градот, домот, каде што се гробовите на татковците мои, е запустен, и портите негови со оган се изгорени!'
4 И царот ми рече: 'Па што бараш?' Јас се помолив на Бога небесен
5 и му одговорив на царот: 'Ако му е угодно на царот, и ако твојот слуга нашол благоволение пред лицето твое, тогаш испрати ме во Јудеја, во градот, каде што се гробовите на татковците мои, за да го изsидам.'
6 И ми рече царот и царицата, која седеше до него: 'Колку време ке трае патот твој, и кога ке се вратиш?' И царот се согласи да ме пушти, откако го определив времето.
7 Тогаш му реков на царот: 'Ако благоволи царот, нека ми се даде писмо до задречните обласни кнезови, за да ми дозволат пропуст, додека стигнам до Јудеја,
8 и писмо до Асафа, чуврот на царските шуми, да ми даде дрва за вратите на тврдината, што е при Божјиот дом, и за градските sидишта, и за куката, во која ке живеам.' И царот ми даде, бидејки благодатната рака на мојот Бог беше над мене.
9 Кога стигнав при задречните обласни кнезови, им ги предадов царските писма. А царот беше испратил со мене воени началници со коњаници.
10 Кога го слушнаа тоа Саваналат, Аронит и Товија, слуга амонитски, им стана многу непријатно, што дошол човек да се грижи за доброто на синовите Израилеви.
11 Пристигнав во Ерусалим и останав таму три дни.
12 Потоа станав ноке со неколку души, што беа при мене, и никому не му кажав, што ми ставил мојот Бог на срце да направам за Ерусалим; а немаше никакво добиче со мене, освен она на коешто јавав.
13 Така минав ноке преку Долинските Порти пред изворот во смокварникот и низ Гноиштните Порти, ги разгледав разрушените sидишта на Ерусалим и изгорените негови порти со оган.
14 И дојдов до Изворните Порти и до царското езеро, но таму немаше место да мине добичето, што беше под мене;
15 и се вратив назад по долот ноке и ги разгледав sидиштата и, откако минав пак низ Долинските Порти, се вратив.
16 Но старешините не знаеја, каде одев и што правев: дотогаш не им бев открил ништо ни на Јудејците, ниту на свештениците, ниту на првенците, ниту на началниците, ниту на другите работници.
17 Затоа им реков: 'Гледате во каква невоља се нао аме; Ерусалим опусте, и портите негови со оган се изгорени; да одиме и да ги изградиме sидовите на Ерусалим, та да не бидеме веке за срам пред лу ето.'
18 И им раскажав, дека благодатната рака на мојот Бог беше над мене, - и за зборовите на царот, што ми ги кажа. Па им реков: 'Да станеме и да градиме!' Тогаш им се зацврстија рацете во добро дело.
19 Кога го слушнаа тоа Саваналат Аронит и Товија, слуга амонитски, и Гисам Арабјанин, ни се потсмевнуваа и рекоа со презир: 'Каква е таа работа што ја вршите? Не мислите ли повеке да се буните против царот?'
20 Јас им одговорив и реков: 'Бог небесен, Он ке ми помогне, и ние, слугите Негови, ке почнеме да sидаме, а за вас нема да има ни дел, ни право, ни спомен во Ерусалим.'