Јов. Chapter 2
1 Еден ден дојдоа синовите Божји да застанат пред Господа; ме у нив дојде и сатаната да застане пред Господа.
2 И му рече Господ на сатаната: 'Од каде дојде?' Му одговори сатаната на Господа и рече: 'Одев по земјата и ја обиколив.'
3 Тогаш му рече Господ на сатаната: 'Обрна ли внимание на Мојот слуга Јов? Зашто на земјата нема таков како него: човек непорочен, праведен, богобојазлив и кој го одбегнува злото, и уште цврсто се држи во својата непорочност, иако ти Ме поттикнуваше, да го погубам без вина.'
4 Му одговори сатаната на Господа и рече: 'Кожа за кожа, а за животот свој чвеок ке даде и се што има;
5 но ајде пружи рака и допри се до коските негови и плотта негова, - ке Те благослови ли и тогаш?'
6 И му рече Господ на сатаната: 'Ете, тој е во твоја рака; само душата не земај му ја.'
7 Си отиде сатаната од лицето Господово и го порази Јова со лута рана - од стапалките на нозете негови до самото теме негово.
8 И си зеде Јов тогаш цреп за да се чеша со него, и седеше на буништето надвор од градот.
9 И му рече неговата жена: 'Зар си уште цврст во добротата своја. Навреди Го Бога и умри!'
10 Но тој и рече: 'Говориш како безумна. Зар доброто го примаме од Бога, а злото да не го поднесуваме?' - Во сето тоа Јов не згреши со устата своја.
11 Слушнаат тројцата пријатели Јовови за сите тие зла што го беа снашле, па тргнаа секој од своето место: Елифаз од Темна и Вилдад од Сува и Софар од Нам; се состанаа, за да одат да тагуваат заедно со него и да го утешуваат.
12 И кога кренаа очите од далеку, тие не го познаа; па викаа со силен глас, та заплакаа; секој ја раскина својата горна облека и се посипаа со земја врз главите свои.
13 И седеа со него на земјата седум дена и седум ноки: никој ни збор не му проговори, бидејки гледаа оти страдањето му беше многу големо.