Јов. Chapter 26
1 Одговори на тоа Јов и рече:
2 'Како му помогна Ти на бессилниот, како ја поддржа мишката на слабиот!
3 Каков совет му даде Ти на немудриот и како наполно ја објасни целата работа!
4 Кому му ги кажуваше тие зборови? Чиј дух излегуваше од Тебе?
5 Исполините треперат под водите, и по оние што живеат во нив.
6 Пеколот е откриен пред Него, и нема покривка над пеколот.
7 Го послал Он северот над празнината, ја закачил земјата на ништо.
8 Он ги заклучува водите во облаците Свои, и облакот под нив не се отвора.
9 Го поставил престолот Свој и го распнал над него Својот облак.
10 Ставил црта над водната површина додека не дојде крајот на светлината и темнината.
11 Столбовите небески се тресат и треперат од силата Негова.
12 Со силата Своја го бранува морето и со разумот Свој го поразува беснеењето негово.
13 Неговиот Дух му дал велелепност на небото; раката Негова ја создала змијата што ползи.
14 Ете, тоа се делови од патиштата Негови; а колку малку сме слушале за Него! И кој може да го разбере громот на Неговата мок?'