Јов. Chapter 29

1 Го продолжи Јов својот возвишен збор и рече:
2 'О, да бев, како во поранешните месеци, како во оние денови, кога Бог ме пазеше,
3 кога светилото Негово светеше над главата моја, и под Неговата светлина одев среде темнина;
4 како што бев во деновите на своите млади години, кога милоста Божја беше над шаторот мој,
5 кога Вседржителот уште беше со мене, и децата мои околу мене,
6 кога патиштата мои се облеваа со кравјо масло, а горите мои лееја млеко,
7 кога излегував пред градските порти и го поставував седиштето мое на плоштадот, -
8 младите, кога ке ме здогледаа, се оттргнуваа, а старците стануваа и стоеја;
9 кнезовите се воздржуваат да говорат и ставаа прст на устата своја;
10 гласот на првенците замолкннуваше, јазикот им се залепуваше за непцата нивни.
11 Уво, што ке ме чуеше, ме ублажуваше; око, што ке ме видеше, ме восфалуваше,
12 зашто јас го спасував страдалникот што викаше и беспомошниот сирак.
13 Врз мене доа аше благословот на оној што пропа аше; на вдовичиното срце му донесував радост.
14 Се облекував во правда, и судот ми беше како наметка, како мантија и превез.
15 Јас бев очи на слепиот и нозе на хромиот;
16 за сиромасите бев татко и внимателно ја проучував поплаката, која не ја знаев.
17 На беззаконикот му ги кршев забите, и од забите му го истргнував украденото.
18 Па си велев: ‘Kе свршам во гнездото свое, и дните мои ке бидат многу - како песокта.‘
19 Коренот мој беше покрај вода, росата нокеваше на гранките мои;
20 славата моја се подмладуваше, и лакот мој стануваше појак во раката моја.
21 Ме слушаа и чекаа; и не мрмореа на советот мој.
22 По моите зборови веке не расудуваа; зборот мој ги натопуваше нив.
23 Ме очекуваа како дожд; ја отвораа устата како за задоцнет дожд.
24 Се случуваше, ке им се насмевнев, - тие не веруваа; и светлината на лицето мое не ја замрачуваа.
25 Кога одев кај нив, седев не чело; и живеев како цар ме у војници, како утешител на оние што плачат.'