Јов. Chapter 25
1 Проговори пак Вилдад од Сува и рече:
2 'Власт и страв има во Него; Он создава мир во Своите висини!
3 Имаат ли број Неговите војски? И врз кого не изгрева светлината Негова?
4 И како може човекот да биде прав пред Бога? Како да биде чист родениот од жена?
5 Ете, дури и месечината, и таа не е светла, и sвездите се нечисти пред очите Негови.
6 А камоли човекот, кој е црв, и синот човечки, кој е молец.'