Јов. Chapter 28

1 'И така, среброто си има исходна жила, и златото - место, каде што го пречистуваат.
2 Железото се добива од земјата; од камен се претопува бакар.
3 Човекот определува предели во темнината и грижливо бара камен во мракот и во смртната сенка.
4 Ископуваат рудокопен извор во места, недостапни за нога, нишајки се висат далеку од лу ето.
5 Од земјата никнува жито, а под неа се е испревртено, како оган.
6 Во камењата нејзини има место за сафир, во нив има и златни зрнца.
7 Патеката за таму граблива птица не ја знае, јастребовото око не ја видело;
8 sверки мали не ја газеле, и не одле по неа лав.
9 Не гранит ја става човек раката своја, од дното превртува гори;
10 во карпи пресечува извори, и окото негово гледа се што е скапоцено;
11 го запира текот на реките и сокриеното го вади на видело.
12 Но каде се нао а мудриста, и каде е местото на разумот?
13 Не ја знае човекот цената нејзина, ниту се нао а по земјата на живите.
14 Бездната вели: - не е во мене таа: - и морето вели: - не е кај мене -.
15 Таа не се дава за злато и не се добива за измерено сребро;
16 таа не се оценува со офирско злато, ниту со скапоцен оникс, ниту со сафир;
17 не се споредува со неа злато и кристал; нема да ја размениш со садови од чисто злато.
18 А за корал и бисер нема што ни да се спомнува, зашто здобивање со мудрост чини повеке од рубини.
19 Со неа не се изедначува етиопскиот топаз; со чисто злато таа не се оценува.
20 Од каде, всушност, излегува мудроста? Каде е местото на разумот?
21 Сокриена е таа од очите на се што е живо и притаена е од птиците небески.
22 Погубноста и смртта велат: ‘со ушите свои го чувме мрморењето за неа.‘
23 Бог го знае патот нејзин; Он го познава местото нејзино.
24 Зашто Он гледа до крајот на земјата и гледа под целото небо.
25 Кога Он му даваше на верерот мерка и ја наместуваше водата по мера,
26 кога му даваше наредби на дождот и пат на громоносната молња,
27 уште тогаш Он ја виде и ја објави, ја приготви и уште ја испита.
28 А на човекот му рече: 'Ете, стравот Господов е вистинска мудрост, а одбегнувањето од зло е разумот.'