Јов. Chapter 20

1 Проговори Софар и рече:
2 'Размислувањата мои ме поттикнуваат да одговарам, брзам да ги искажам.
3 Срамен прекор чув за мене, но духот на мојот разум ке одговори за мене.
4 Зар не знаеш ти дека е тоа од памтивека, - откога е човекот поставен на земјата,
5 дека славата на беззакониците е краткотрајна, и радоста на лицемерниот е за миг?
6 И до небесата да се издигне величието негово, и до облаците да се допира главата негова, -
7 тој засекогаш ке пропадне, како и гадотиите негови; оние што го виделе, ке кажат: - каде е тој?
8 Како сон ке одлета, и нема да го најдат; како нокно привидение ке исчезне.
9 Кое око го видело, повеке нема да го види, и местото негово повеке нема да го зебележи.
10 Синовите негови ке им се умилкуваат на сиромасите, и рацете негови ке го вратат она што го ограбил
11 Коските негови се полни со гревови на младините негови, со него ке легнат тие во земјата.
12 Ако злото е слатко во устата негова, и тој го крие од јазикот свој,
13 го чува и не го фрла, туку го држи во устата своја, -
14 сепак таа храна во утробата негова, внатер во него, ке се пртвори во змиски отров.
15 Kе го изблуе доброто што го голтнал: Бог ке го исфрли од стомакот негов.
16 Змиски отров ке смука тој; јазикот на змијата ке го умртви.
17 Нема да види потоци и реки од мед и млеко.
18 Спечаленото со труд ке го врати, нема да го изеде; според имотот негов ке стане и плакањето негово; и тој нема да се зарадува.
19 Зашто јадеше и ги напа аше сиромасите; заграбуваше куки што не ги беше градел;
20 не знаеше ситост во стомакот свој, и во жедта своја ништо не штедеше.
21 Ништо не се откинуваше од лакомоста негова, затоа и радоста негова нема долго да потрае.
22 При полно изобиле, тесно ке му биде; рацете на сиромасите ке се кренат врз него.
23 Кога има со што да го наполни стомакот негов, Тој ке ја примени врз нега јароста на Својот гнев и ке истури како дожд врз него болести во телото негово.
24 Kе избега ли од железното оружје, - бакарен лак ке го прободе.
25 Пуштената стрела ке мине низ телото негово, ке излезе со својот болскав врв низ жолчката негова; ужасите не смртта ке се нафрлуваат врз него!
26 Се што е мачно и сокриено во него, ке го гори оган, од никого не раздуван; зло ке ги снајде и другите во шаторот негов.
27 Небото ке го открие беззаконието негово, а и земајта ке се крене против него.
28 Kе исчезне богатството на куката негова; се ке се растури во денот на гневот Божји.
29 Тоа е делот од бога за беззакониот човек и наследство, определено за него од Вседржителот!'