Јов. Chapter 39
1 Ти ли ловиш плен за лавицата и ги наситуваш лавчињата,
2 кога тие лежат во леглата или почиваат под сенка во заседа?
3 Кој и ја приготвува храната на враната кога пиленцата нејзини, скитајки без храна, викаат кон Бога?
4 Го знаеш ли времето, кога дивите кози ра аат по карпите, и си забележувал ли како ра аат срните?
5 Можеш ли да ги преброиш месеците на нивната бременост? И го знаеш ли времето кога ра аат?
6 Тие се превиткуваат, и ра ајки ги малечките свои, се ослободуваат од болките свои.
7 Породот нивни зајакнува, радост е во полето, си оди и не се врака при нив.
8 Кој го пуштил на слобода дивиот осел и кој му ги разврзал врските негови,
9 на кој сум му ја одредил пустињата за дом и соланите - за живеалиште.
10 Тој се потсмева на вревата во градот и не го слуша викањето на терачот,
11 си бара храна по горите и се впушта на секое зелено растение.
12 Kе сака ли еднорог да ти служи и ке нокева ли во твоите јасли?
13 Можеш ли да го врзеш со јаже еднорогот за браздата, и ке ја браносува ли по тебе нивата?
14 Kе се потпреш ли на него, бидејки силата му е голема и ке му ја оставиш ли нему твојата работа?
15 Kе му поверуваш ли, дека тој ке ги врати семињата твои и ке ги донесе на гумното твое?
16 Ти ли му даде убави пердуви на паунот и криља и мов на нојот?
17 Тој ги остави јајцата свои на земјата и ги топли на песокот,
18 и заборава, дека нога може да ги скрши или полска sверка да ги згази;
19 немилостив е спрема малечките свои, како да не се негови, и не се плаши, оти трудот негов ке биде залуден,
20 зашто Бог не му дал мудрост и не го надарил со разум;
21 а кога ке се извиши високо, му се потсмева на коњот и на јавачот негов.
22 Ти ли му даде сила на коњот и ти ли го украси вратот негов со грива?
23 Можеш ли да го исплашиш како скакулец? Треперењето на ноздрите негови е ужас;
24 ја рове со нога земјата и се радува на силата своја; оди спроти оружје;
25 се смее на опасноста и не се плаши и не се отстранува од меч.
26 Торба со стрели sвечка на грбот негов, болска копјето и топузот;
27 од немир и јарост голта земја и не може да стои при трубен звук;
28 штом ке засвири трубата, тој вришти и оддалеку ја претчувствува битката, громкиот глас на војводите и викот.
29 Поради твојата мудрост ли фрчи јастребот и ги насочува криљата свои кон југ?
30 По твојот збор ли се издига орелот и си вие гнездо на високо?
31 Тој живее на карпа и нокева на врв од стрмнината и на непристапни места;
32 оттаму ја здогледува храната: очите негови гледаат далеку;
33 и малечкте негови пијат крв; каде што има труп, таму е и тој.'
34 Продолжи Господ и му рече на Јова:
35 'Кој се бори со Вседржителот, ке сака ли да поучува? Кој Го напа а Бога, нека Му одговори.'
36 Му одговори Јов на Господа и рече:
37 'Еве, јас сум ништожен, што да Ти одговорам? Раката своја ја ставам на устата моја.
38 Еднаш говорев, - сега нема да одговарам; говорев дури двапати, но повеке не.'