Јов. Chapter 35
1 Продолжи пак Елијуј и рече:
2 'Мислиме ли дека е право тоа што рече: ‘мојата правда е поголема од Божјата?‘
3 Ти рече: ‘каква полза за мене и каква корист ке имам, ако не грешам?‘
4 Јас Kе ти одговорам и на тебе и на твоите пријатели:
5 Погледај кон небото и види; загледај се во облаците - тие се повисоки од тебе.
6 Ако грешиш, што ке Му направиш Нему? И ако товите престапи се умножуваат, што Му причинуваш Нему?
7 Ако си праведен, што Му даваш? Или што ке добие од раката твоја?
8 Твоајта нечесност може да му направи лошо на човекот како тебе; а твојата праведност може да му помогне на синот човечки.
9 Он многу насилници офкаат угнетените и од рацете на силните пиштат;
10 но никој не вели: ‘каде е Бог, мојот Создател, Кој дава песни ноке,
11 Кој не прави поразумни од земниот добиток и помудри од птиците небески?‘
12 Таму тие пиштат, поради гордоста на лошите лу е, но Он не ги услишува.
13 Бог не ги слуша гордите, и Вседржителот не гледа на нив.
14 Макар и да велиш дека не Го гледаш, но судот е пред Него, и - очекувај го.
15 А сега, бидејки гневот Негов те посети, а тоа не е ништо и Он не те испита со сета строгост,
16 затоа, Јов, лесномислено ја отвора устата своја и без размислување, неразумно говори.'