Јов. Chapter 41

1 Нема толку силен кој би се осмелил да Ме обеспокои; и кој може да опстане пред Моето лице?
2 Кој Ми дал нешто порано, та Јас да му вратам? Под целото небо се е Мое.
3 Нема да премолчам за деловите негови, за силата и нејзината убава сразмерност.
4 Кој може да ја одгрне горната облека негова, кој ке се приближи до двојните челусти негови?
5 Кој може да ја отвори вратата на лицето негово? Забите негови наоколу се ужас.
6 јаките штитови негови - великолепие; тие се зацврстени како со тврд печат;
7 еден до друг се допираат толку блиску, така што и воздух не минува ме у нив;
8 еден до друг стојат збиени, слепени се и не се размесуваат.
9 Кога кива, испушта светлина; очите му се како зраци на зората:
10 од устата негова излегуваат пламени јазици, излегуваат огнени искри;
11 од ноздрите негови излегува пара, како од зовриено грне или котел.
12 Здивот негов е разгорен јаглен, а од устата негова излегува пламен.
13 На вратот негов сила престојува, и пред него ужас трча.
14 Месестите делови на телото му се сплотени силно ме у себе, не мрдаат.
15 Срцето му е цврсто како камен, кораво како долен воденички камен.
16 Кога се подига, јунаци треперат, сосема се губат од ужас.
17 Кој меч ке се допре до него, не издржува; не издржува ни копје, ни кратко копје, ни оклоп.
18 Железото го смета за слама, бакарот - за гнило дрво.
19 Стрелата ни лакот нема да го подгони; камењата од пракката во плева се претвораат за него.
20 Боздоганот за него е како сламка; над пиштењето од стрелата тој се смее.
21 Под него има остри камења, и тој лежи врз остри камења во калта.
22 Он прави морската длабочина да врие како котел, морето го претвора во зовриена маст;
23 зад себе остава светла трага; бездната избледа како бело руно.
24 На земјата нема сличен на него: он е создаден бестрашен;
25 на се, што е високо, гледа смело; он е цар над сите синови на гордоста.