Јов. Chapter 40
1 Му одговори Господ на Јова од луњата и му рече:
2 'Препаши ја како маж половината своја: Јас ке те прашувам, а ти објаснувај Ми.
3 Мојот суд ли сакаш да го собориш, да Ме обвиниш, а себеси да се оправдаш?
4 Таква ли е твојата мишка, како на Бога? И можеш ли како Него да згрмиш со гласот свој?
5 Тогаш украси се со величие и слава, облечи се во болскот и великолепие;
6 излеј ја јароста не гневот свој, погледај се што е гордо и смири го;
7 погледај ги сите поносни и понизи ги, сотри ги безбожниците на местата нивни;
8 закопај ги сите во земја и покри ги лицата нивни со темнина.
9 Тогаш и Јас ке признаам, дека твојата десница може да те спасува.
10 Ете слонот, што сум го создал, како и тебе; тој јаде трева како вол;
11 а силата негова е во бедрата негови, јачината негова е во бедрата негови, јачината негова - во мускулите е на стомакот негов;
12 ја размавтува опашката своја како кедар, а жилите на бедрата негови се како железни стапови;
13 нозете негови изгледаат како бакарни труби; коските негови - како железни прачки;
14 тоа е врвот на Божјите патишта: само Оној Кој го создал, може да го приближи мечот Свој до него;
15 горите негови му принесуваат храна, таму сите полски sверови играат;
16 тој си легнува под сенчести дрвја, ме у трски и во глиб;
17 сенчестите дрвја го покриваат со сенката своја; врби крај потоците го опкружуваат;
18 ете, тој ја задржува реката за да пие и не брза; си останува спокоен, дури и кога би посакал Јордан да потече кон устата негова.
19 Kе го фати ли некој јавно и ке му го продупчи ли носот негов со кука?
20 Можеш ли со јадица да излвлечеш слон и со врвца да го врзеш за јазикот?
21 Kе вовреш ли алка во ноздрите негови? Kе ја прободеш ли со шило челуста негова?
22 Kе ти се моли ли многу и ке ти говори ли кротко?
23 Kе направи ли договор со тебе, ке го земеш ли засекогаш како слуга свој?
24 Kе се забавуваш ли со него како со птичка, и ке го врзеш ли заради девојченцата свои?
25 Kе го продаваат ли другарите како лов, ке го делат ли ме у хананејските трговци?
26 Можеш ли да му ја продупчиш кожата негова со копје и главата негова со рибарска вила?
27 Стави ја на него раката своја и помни за борбата; оти во иднина не ке смееш.'
28 'Ете, надежта е суетна. Нема ли да паднеш само од еден негов поглед?