Јов. Chapter 5
1 Ајде викај! Има ли кој да ти одговори? Кон кого од светиите мислиш да му се обрнеш?
2 Вистина, гневот го убива глупавиот, раздразнетоста го погубува безумниот.
3 Видов како глупавиот се закоренува, но веднаш проклетството на домот негов падна.
4 Децата негови се далеку од спасение, нив ке ги бијат кај портите; зашто ке нема кој да ги заштити.
5 Жетвата негова ке ја изедат гладните, низ трњето ке ја извлечат; жедните ке го голтнат имотот негов.
6 Не, жалоста не излегува од земјата, нити злото изникнува од нивата;
7 човекот се ра а, за да страда, како и искрите - за да летаат угоре.
8 Но јас би се обрнал кон Бога и делото свое пред Бога би го поставил.
9 Он создава дела големи и неиспитливи, чудни и без број,
10 и дава дожд на земјата и им испрака вода на полињата;
11 понизените ги издигнува на високо, и натажените ги утешува и ги спасува.
12 Он го урива она што лукавите го градат, рацете нивни не го довршуват започнатото.
13 Он ги фака мудрите со нивното лукавство, и замислата на итрите се осуетува;
14 Среде бел ден запа аат во темнима; попладне одат со пипање, како ноке.
15 Он го спасува сиромавиот од меч, од устата нивна и од раката на силниот.
16 И за сиромавиот има надеж, а неправдата сама ја затвора устата своја.
17 Блажен е оној човек кого Бог го вразумува. Затоа не ја отфрлувај казната од Вседржителот,
18 зашто Он нанесува рани и Самиот ги преврзува; Он поразува, и Неговите раце лекуваат.
19 Од шест беди ке те избави и во седмата зло нема да те стигне.
20 Во време на глад ке те спаси од смрт, и во војна - од силата на мечот.
21 Од камшикот на јазикот ке се сокриеш, и нема да се уплашиш од опустошувањето - кога ке дојде.
22 На опустошувањето и на гладот ке им се потсмееш, од sверовите земни нема да се уплашиш, -
23 зашто си во сојуз со камењата полски, а полските sверови се во мир со тебе.
24 Kе дознаеш дека шаторот ти е во безопасност, ке си ја гледаш куката и нема да згрешиш.
25 Kе видиш, оти семето ти е многубројно, дека филизите твои се како трева на земјата.
26 Kе легнеш во гроб кога ке стигнеш до зрелост, како што се редат житните снопја.
27 Ете, тоа сме го испитале: вистината е жива; затоа чуј го сето ова и запомни го добро.'