Јов. Chapter 11

1 Потоа проговори Софар од Нам и рече:
2 'Зар на многу зборови не може да се даде одговор, и зар многузборливиот човек е прав?
3 Твоето празнословие ке ги натера ли лу ето да молчат, за да се потсмевнуваш ти, та да нема кој да те засрами?
4 Ти рече: расудувањето ми е правилно, и јас сум чист во Твоите очи.
5 О, да проговореше Бог, да ја отвореше устата Своја кон тебе
6 и да ти ги откриеше тајните на мудроста, дека тебе ти се па а двојно повеке да понесеш! И така, знај, оти Бог за тебе предаде на заборав некои од твоите беззаконија.
7 Можеш ли во длабочините Божји да проникнеш? Можеш ли да го достигнеш совршенството на Вседржителот?
8 Он е повисок од небесата, - што можеш да направиш? Подлабок е од пеколот, - што можеш да дознаеш?
9 Подолга од земјата е мерката Негова и поширока од морето.
10 Ако преиначи и затвори некого во окови и го изведе на суд, кој ке Му забрани.
11 Зашто Он ги знае оние што лажат и го гледа беззаконието; ке го остави ли без презир?
12 Но и суетниот човек се опаметува; дивото осле на узда се покорува.
13 Ако го насочиш срцето свое и ги подадеш рацете кон Него,
14 ако порокот од раката своја го отфрлиш и не дозволиш беззаконие да престојува во твоите шатори,
15 тогаш ке го кренеш неизвалканото лице свое, ке бидеш цврст и нема да се плашиш.
16 Тогаш ке ја заборавиш тагата: како за истечена вода ке се секаваш за нив.
17 И животот твој ке почне појасно од пладне; како утро ке светнеш.
18 Во надежта своја ке бидеш спокоен, ограден, ке почиваш во мир.
19 Kе легнеш и не ке има кој да те заплашува; мнозина ке ти се умилкуваат.
20 А очите на беззакониците ке изгаснат, прибежиштето нивно ке пропадне, а надежта нивна ке биде исчезнувањето.'