Исус Навин. Chapter 6
1 А Јерихон беше утврден и затворен поради страв од синовите Израилеви; никој не излегуваше и не влегуваше во него.
2 Тогаш му рече Господ на Исуса: 'Еве, Јас го предавам Јерихон во рацете твои и царот негов и силните лу е во него;
3 опколете го градот сите вие, способни за војна, и обиколувајте го градот по еднаш секој ден, така правете шест дена;
4 и седум свештеници нека носат пред ковчегот седум труби од рогови; а седмиот ден обиколете го градот седумпати и свештениците нека трубат со трубите од рогови.
5 И штом ке затрубат со трубниот рог, па го чуете гласот трубен, целиот народ нека воскликне, и градските sидишта ке паднат сами до основата своја пред оние што викаат; и тогаш целиот народ да навлезе во градот, тргнувајки секој од своето место.'
6 Тогаш дојде Исус, синот Навинов, кај свештениците Израилеви и им рече: 'Земете го ковчегот на заветот Господов и седум свештеници нека носат седум рожени труби пред ковчегот Господов!'
7 И им рече, велејки: 'Заповедајте му на народот да го обиколат и да го опкружат градот; а вооружените нека одат пред ковчегот Господов.'
8 Штом Исус му го кажа тоа на народот, рече и седумте свештеници, што ги имаа седумте свештени труби, да појдат и да затрубат громогласно со трубите, и ковчегот на заветот Господов да оди по нив.
9 Вооружените, пак, одеа пред свештениците, кои трубеа со трубите; и оние што одеа по нив, по кочегот на заветот Господов, трубеа со трубите.
10 На народот, пак, Исус му заповеда и рече: 'Не викајте и да не се чуе глас од вас, и да не излегува збор од устата ваша до оној ден, додека не ви заповедам: викајте! - и тогаш ке викнете.'
11 Така ковчегот на заветот Господов тргна околу градот и еднаш го обиколи; и дојдоа во логорот и нокеваа во него.
12 На вториот ден Исус стана утрината рано, и свештениците го понесоа ковчегот на заветот Господов;
13 и седумте свештеници, што ги носеа седумте труби пред ковчегот Господов, одеа и трубеа со трубите; вооружените, пак, одеа пред нив, а другите одеа по ковчегот на заветот Господов и свештениците затрубија со рожените труби.
14 И вториот дена го обиколија градот еднаш и се вратија во логорот. Така правеа шест дена.
15 На седмиот ден станаа рано и го обиколија градот седумпати; само тој ден го обиколија градот седумпати.
16 И при седмото заобиколување свештениците затрубија во трубите. Тогаш Исус му рече на народот: 'Викајте, бидејки Господ ви го предаде градот!
17 И градот нека биде проколнат, и се што е во него, од силата Господова; само блудницата Раав запазете ја, неа и секој што е во домот нејзин; зашто таа ги сокри извидниците што ги пративме.
18 Но вие пазете се од клетвата, за да не паднете и самите по клетва, ако земете нешто од заколнатото, и со тоа на логорот и на синовте Израилеви да им нанесете клетва, и нас да не истребите.
19 Златото, пак, среброто и бакарот и железото се за Господа и да се внесат во сокровиштето Господово!'
20 И затрубија свештениците со трубите. Штом го чу народот гласот на трубите, сите заедно извикаа со висок и силен глас, и сите градски sидишта паднаа, и целиот народ влезе во градот, секој од своето место, и го презедоа градот.
21 И проколна Исус се што беше во градот, - мажите и жените, младите и старите, овците и ослите; се се истреби со меч.
22 А на двајцата младичи што ја беа разгледале земјата, Исус им рече: 'Влезете во домот на жената блудница и изведете ја оттаму неа и сите што се кај неа, бидејки вие и се заколнавте.'
23 Тогаш влегоа младичите, што го разгледуваа градот, во домот на жената и ја изведоа блудницата Раав и таткото нејзин, мајката нејзина, браката нејзини и сите нејзини роднини и сите, што беа кај неа, ги изведоа и ги ставија надвор од логорот на Израилот.
24 А градот и се што беше во него, го изгореа со оган; само среброто и златото, бакарот и железото ги предадоа, за да се внесат во сокровишницата Господова.
25 Блудницата, пак, Раав и целиот нејзин татков дом, Исус ги остави живи, и таа живее ме у Израилот до денес, зашто ги сокри извидниците, што ги испрати Исус за да го разгледаат Јерохон.
26 Во тој ден Исус проколна и рече: 'Проклет да биде пред Господа оној, што ке го издигне и изгради овој град Јерихон; врз првородениот син свој тој ке ги положи основите негови и врз најмалиот син свој ке ги постави портите негови!' А тоа го направи Азан, родум од Ветил; тој го основа врз првородениот син свој Авирон и врз најмалиот, Спасен, ги постави портите негови.
27 И Господ беше со Исус, и славата Негова се разнесуваше по целата земја.