Исус Навин. Chapter 19
1 Вториот жреб падна за Симеона, за племето на Симеоновите синови, според родовите нивни; и наследството нивно беше ме у делот на Јудините синови.
2 Во делот нивни беа: Вирсавија и Сава, Молада,
3 Асарсуал, Вал и Асем,
4 Елтулад, и Еома,
5 Секелаг, Вет-Маркавот, Свот и Асар-Суса,
6 Веталват и селата негови, тринаесет градови со селата нивни;
7 Аин, Ремот, Етер и Асам: четири града со селата нивни,
8 и сите предградија околу тие градови дури до Ваалтерирамот, од Јамет кон Лив. Тоа е делот на племето на Симеоновите синови, според родовите нивни.
9 Од делот на Јудините синови се оддели наследство за племето на Симеоновите синови; бидејки делот на Јудините синови беше многу голем за нив, затоа Симеоновите синови добија наследство ме у нивниот дел.
10 Третиот дел им се падна на Завулоновите синови, според родовите нивни и границата на нивниот дел се простираше до Сарид;
11 границата нивна излегува кон морето и Марила и допира до Давасет и се спушта по долината, што е пред Јекнам;
12 од Сарид оди назад кон исток, каде што изгрева сонцето до границата на Хасалот-Тавор; оттука продолжува кон Даврат и излегува кај Јафаги;
13 оттаму минува на исток во Гетаефер, во градот Касим, и оди кон Ремон, Мафарим, Ануа;
14 од север границата свртува кон Енатот и завешува во Гај Јефтаил;
15 понатаму таа ги опфака: Катат, Налол, Семрон, Јадила, и Витлеем: дванаесет градови со селата нивни.
16 Тоа е наследството на Завулоновите синови, според родовите нивни - градовите и селата нивни.
17 Четвртиот жреб падна на Исахар, за Исахаровите синови, според родовите нивни;
18 нивната граница беше: Језраил, Ахаселот и Сунам,
19 Аферафим, Сиан и Ренат и Анахарет,
20 Равот, Кесион и Аеме,
21 Рамат, Ен-Ганим, Анада и Ветфасис;
22 границата допира до Тавор, и кај Сасимат во приморјето и до Ветсмас, и завршува кај Јордан: шеснаесет градови со селата нивни.
23 Тоа е наследството на племето на Исахаровите синови, според родовите нивни - градовите и селата нивни.
24 Петтиот жреб падна за племето на Асировите синови, според родовите нивни;
25 нивна граница беа: Хелкат, Оли, Ватне, и Ахсав,
26 Алимелех, Амад, и Масал; границата се ближи до Кармил откај запад и со Сиор и до Лаванат.
27 Потоа оди назад кон исток во Вит-Дагон, допира до Завулон и оди до Гај Јефтаил на север и влегува во пределите на Асат во Бит-Аемек и Анил, и прео а во Хавол, од лево;
28 понатаму таа ги опфака: Арон, Роов, Амон и Кана, дури до големиот Сидон;
29 потоа границата се врака кон пределот на Рама до утврдениот град Тир, двртува кон пределот Суси и завршува од Уж, кај морето, во гратчето Ахзив;
30 понатаму ги опфака: Ама, Афек и Раов: дваесет и два града со селата нивни.
31 Тоа е делот на племето на Асировите синови, според родовите нивни - градовите со селата нивни.
32 Шестиот се фрли за Нефталим, за синовите Нефталимови, според родовите нивни;
33 Границата нивна оди од Мелев и Милон, го опфака Весенаим, Арме, Накев и Јавнил, дури до Лакум и завршува кај Јордан;
34 оттука границата свртува на запад кон Азанот-Тавор и оттаму оди кон Икок, и допира до Завулона од југ, допира и до Асир, од запад, и до Јуда кај Јордан, откај источната страна.
35 Утврдени градови беа: Тиријан, Тир, Амат, Рекат и Хенерот,
36 Адами, Рама и Асор,
37 Кедес, Едреј и изворот Асор,
38 Јарион, Магдалил, Оран, Ветанат и Тасмус: деветнаесет градови со селата нивни.
39 Тоа е наследството на племето на Нефталимовите синови, според родовите нивни - градовите и селата нивни.
40 За племето на Дановите синови, според родовите нивни, се фрли седмиот жреб.
41 Границите на нивниот дел беа: Сара и Естаол
42 и градовите: Самес, Саламин и Еалон,
43 Јетла, Елон и Тамна,
44 Акарон и Елтеко,
45 Гаватан, Ватот и Јут,
46 Ваниварак и Гетремон, и откај морето Јеракон и Иракон со границата близу до Јопија. И делот на Дановите синови излезе мал за нив.
47 Тогаш Дановите синови кренаа војска против Ласем, го презедоа и го поразија со меч, завладувајки го и се населија во него, и Ласем го нарекоа Ласемдан, според името на таткото свој Дан. Аморејците останаа да живеат во Елом и Саламин, но раката Ефремова ги надви и тие станаа негови поданици.
48 Тоа е наследството на племето на Дановите синови, според родовите нивни - градовите и селата нивни. Дановите синови не ги истребија Аморејците, што ги беа притиснале во гората, и тие, на Аморејците не им дозволуваа да слезат во долината, па им го одзедоа нивниот дел.
49 Откако заврши делбата на земјата, според границите нејзини, синовите Израилеви му дадоа ме у нив населедство и на Исуса, синот Навинов:
50 по заповед на Господа му го дадоа градот Тамнат-Сарај, кого тој го побара, на Ефремовата гора; и тој си изгради град и се всели во него.
51 Тоа се наследствата што свештеникот Елеазар, Исус, синот Навинов, и кензовите на таковските племиња им ги раделија на синовите Израилеви, со жреб, во Силом, пред Господа, при влезот во Скинијата на сведоштвото. И завршија со поделбата на земјата.