Езра. Chapter 3
1 Кога настапи седмиот месец, и синовите Израилеви веке беа по градовите, народот се собра како еден човек во Ерусалим.
2 Тогаш стана Исус, синот Јосадеков, и браката негови, свештеници, и Зоровавел, синот Салатилов, и браката негови, и му изградија на Бога Израилев жртвеник, за да принесуваа на него сепаленици, како што е пишано во законот на Мојсеја, човекот Божји.
3 Го поставија жртвеникот врз основите негови, бидејки се плашеа од другоземните народи; и почнаа да принесуваат на него сепаленици на Господа, сепаленици утрени и вечерни.
4 И го празнуваа празникот Сеници, како што беше заповедано, со секојдневните сепаленици во определен број според уставот за секој ден.
5 Потоа редовно принесуваа сепаленици и во новомесечијата, и во сите празници, посветени на Господа, како и доброволни приноси на Господа од секого, кој што сакаше.
6 А од првиот ден на седмиот месец почнаа да му принесуват сепаленици на Господа. Но на Господовиот храм уште не му беа поставени темелите.
7 И почнаа да даваат пари на каменоделци и дрводелци, и јадење и пиење и масло на Сидонци и Тирци, за да донесат кедрово дрво од Ливан по море во Јафа, со дозвола од Кира, царот персиски.
8 На втората година по доа ањето во домот Господов во Ерусалим, на вториот месец, Зоровавел, синот Јоседеков, и другите нивни брака, свештениците и левитите, и сите, што беа дошле од пленство во Ерусалим, ставија почеток и поставија левити од дваесет години и нагоре, што ке ги надгледуваа роботите при домот Господов.
9 И се зафатија Исус, синовите негови и браката негови, Кадмил и синовите негови, - синови Јудини - како еден човек за да ги надгледуваат рабониците при домот Господов, а исто така и синовите Инададови, синовите нивни и браката нивни - левитите.
10 Кога sидарите ги положија основите на храмот Господов, поставија свештеници, со одеждите нивни и со труби, и левити - синови Асафови - со кимвали, за да го слават Господа по уставот на Давида, царот Израилев.
11 И почнаа да пејат по ред 'хвалете' и 'славете Го Господа', 'зашто е благ, зашто милоста Негова кон Израила е до века.' И сиот народ воскликнуваше громогласно, славејки Го Господа поради тоа што беа поставени темелите на Господовиот дом.
12 Ме утоа, мнозина свештеници и левити и старешините на родовите, старци, кои го беа виделе поранешниот храм, кога се градеше новиот храм пред очите нивни, плачеа гласно, но мнозина и подвикуваа силно од радост
13 И народот не можеше да ги разликува радосните извици од плачот на народот, зашто народот викаше силно и гласот негов се слушаше на далеку.