Езра. Chapter 10

1 Додека Ездра така се молеше и исповедаше, плачејки и лежејки пред Божјиот дом, се собра кај него многуброен народ од Израилот, мажи, жени и деца, зашто и народот плачеше многу.
2 Тогаш се јави Сехенија, синот Јеилев од синовите Еламови, и му рече на Ездра: 'Згрешивме пред нашиот Бог, зошто зедовме жени од народите на таа земја, но уште има надеж за Израилот за таа работа;
3 да се заветуваме сега пред нашиот Бог, дека ке ги отпуштиме сите другоплемени жени и родените од нив деца, - и нека биде по законот на нашиот Бог, и според законот нека биде.
4 Стани, зашто ова е твоја работа, и ние сме со тебе: биди храбар и работи!'
5 Тогаш стана Ездра и им порача на старешините над свештениците, левитите и над сиот Израил да положат клетва, дека ке направат така. И тие се заколнаа.
6 Стана Ездра и тргна од Божјиот дом кон зградата на ризницата при Јоханана, Јелисувавиот син, и стигна таму. Леб не јадеше и вода не пиеше, зашто плачеше поради престапите на преселниците.
7 И им соопштија по Јудеја и во Ерусалим на сите, што беа во пленство, да се соберат во Ерусалим,
8 а на оној што не ке дојде за три дни, ке му се одземе имотот, по решение на кнезовите и старешините, целиот имот негов, а самиот тој ке биде отстранет од општеството на преселниците.
9 И во тие три дни се собраа во Ерусалим сите жители на Јудеја и на земјата Венијаминова. Тоа беше во деветтиот месец на дваесеттиот ден од месецот. Седеше сиот народ на плоштадот пред Божјиот дом и трепереше, како поради таа работа, така и од дождот.
10 Тогаш свештеникот Ездра стана и им рече: 'Вие направивте престап, земајки жени од други племиња и со тоа ја зголемивте вината на Израилот;
11 затоа, покајте се пред Господа Бога на вашите татковци, и исполнете ја вољата Негова, одвојте се од народите на таа земја и од жените од други племиња.'
12 Целото собрание одговори и рече со силен глас: 'Како што рече, така и ке направиме.
13 Но народот е многуброен, и времето е сега дождливо, та не може да се стои на улица. Па и таа работа не е ни за ден, ниту за два, зашто ние згрешивме многу во таа работа.
14 Нека се изберат заменици на кнезовите за целото општество, и сите во нашите градови, што зеле жени од други племиња, да доа аат тука во определено време заедно со старешините и судиите на секој град, додека не се одврати од нас пламнатиот гнев на нашиот Бог поради таа работа.'
15 Тогаш се зафатија со таа работа Јонатан, син Асаилов, и Јасија, син Текуев, а Месолам и Саватај, левит, беа нивни помошници.
16 Така направија дојдените од пленство. За тоа беа одредени: свештеникот Ездра, началниците од секое нивно поколение, и старешините на нивните домови сите по име. Тие се собраа на заседание во првиот ден на десеттиот месец, за да ја испитаат таа работа;
17 и го извршија испитувањето за сите, што беа зеле жени од други племиња, кон првиот ден од првиот месец.
18 И се најдоа од свештеничките синови, што беа зеле жени од други племиња, - од синовите на Исуса, синот Јоседеков, и браката негови: Маасија, Елиезер, Јарим и Гадалија;
19 тие ја дадоа раката своја за уверување, дека ке ги напуштат жените свои, и дека, како виновни, ке принесат жртва по еден овен за вината своја;
20 од Имеровите синови: Ананиј и Завдија;
21 Од Харимовите синови: Маасија, Елија, Самија, Јеил и Озија;
22 од Пасхоровите синови: Елиоинај, Масија, Измаил, Натанаил, Јозавад и Еласа;
23 од левитите: Јозавад, Симеј и Келаја, тој е и Келит, Патахија, Јуда и Елиезер;
24 од певците: Елисав; од вратарите, Салум, Телем и Уриј;
25 а од Израилците, - Фаресовите синови: Рамија, Азија, Мелхија, Мелмин, Елеазар, Асавија и Венеја;
26 од синовите Иламови: Матанија, Захарија, Јаил, Авдиј, Јеримот и Елија;
27 од синовите Затуеви: Елионај, Елисув, Матанај, Армот, Завад и Озиз;
28 од синовите Вавениеви: Јоанан, Ананија, Завуј и Атлај;
29 од синовите Вануеви: Месолам, Малух, Адаја, Јасув, Саал и Римот;
30 од синовите на Фат-Моава: Еднеја, Хелил, Ванаја, Маасија, Матанија, Веселеил, Вануј и Манасија;
31 од синовите Иримови: Елиезер, Јесија, Мелхија, Самаја, Симеон.
32 Венијамин, Валух, Самарија;
33 од синовите Асимови: Метанија, Матата, Завад, Елифелет, Јеремај, Манасија и Семеј;
34 од синовите Ваниеви: Мадија, Амрам и Уил.
35 Ванаија, Вадаја, Хелија,
36 Ванија, Маримот, Елиасив,
37 матаснија, Матанај, Јаасај,
38 синови Ванијеви, и синови Семееви,
39 Салемија, Натан, Адаија,
40 Махнада, Авусесеј, Аруесрил,
41 Азариел, Селемиј, Семарија,
42 Салим, Амарија и Јосиф;
43 Од синовите Невови: Јеил, Мататија, Завад, Зевенај, Јадај, Јоил и Ванеја.
44 Сите тие си беа зеле жени од други племиња, а некои од тие жени им беа родиле и деца.