Езра. Chapter 7
1 По тие настани, во царувањето на Артаксеркса, царот персиски, Ездра, - синот Сареов, син на Азарија, син на Хеликија,
2 син на Селума, син на Садока, син на Ахитува,
3 син на Самарија, син на Азарија, син на Мареота,
4 син Зариев, син Езеев , син Вокиев,
5 син Ависуев, син Финесов, син Елеазаров, син на првосвештеникот Арона, -
6 тој Ездра излезе од Вавилон. Тој беше книжник и го знаеше законот Мојсеев, даден од Господа, Бога Израилев. Царот му даде се по желбата негова, зашто раката на Господа, неговиот Бог, беше над него.
7 Со него отидоа во Ерусалим и некои синови Израилеви, и свештеници, и левити, и певци, и вратари, и Нетинејци во седмата година на царот Артаксеркс.
8 Тој дојде во Ерусалим во петтиот месец, во седмата година на царот.
9 Бидејки во првиот ден од првиот месец беше почнало излегувањето од Вавилон, а во првиот ден од петтиот месец тој дојде во Ерусалим: благодатната рака на неговиот Бог беше над него.
10 Зашто Ездра го беше управил срцето свое да го изучува законот Господов и да го извршува и да го учи Израилот во законите и уредбите.
11 Еве ја содржината на писмото, што цар Артаксеркс му го даде на Ездра, свештеник и книжник, кој го учеше Израилот на заповедите Господови и на законите Негови:
12 Артаксеркс, цар над царевите, до Ездра свештеникот, совршениот учител во законот на небесниот Бог денес.
13 Дадов заповед, во царството мое секој од народот Израилев и од неговите свештеници и левити, што сака да оди во Ерусалим, нека појде со тебе.
14 Бидејки си испратен од царот и од седумте негови советници, да ги надгледаш Јудеја и Ерусалим во законот на твојот Бог, кој што е во раката твоја,
15 и да го однесеш среброто и златото, кое царот и советниците негови го жртвуваа на Бога Израилев, Чие живеалиште е во Ерусалим,
16 и сето сребро и злато, што ке го собереш по целата област Вавилонска, заедно со доброволните приноси од народот и свештениците, што ке жртвуваат за домот на својот Бог, Кој е во Ерусалим, -
17 тоа веднаш купи за тие пари волови, овни, јагниња и лебни приноси кон нив, и преливи за нив, и принеси ги на жртвеникот во домот на вашиот Бог во Ерусалим.
18 А она што ти и браката твои ке најдете дека е добро да направите од останатото сребро и злато, според вољата на Вашиот Бог направете.
19 Садовите, пак, што ти беа дадени за служби во домот на твојот Бог, постави ги пред Бога Ерусалимски.
20 И се друго, што е потребно за домот на твојот Бог, ова за што го светаш дека е неопходно, давај од домот на царските сокровишта.
21 А јас, царот Артаксеркс, давам заповед до сите ризничари, што се од онаа страна на реката - се, што ке посака од вас Ездра, свештеник и учител по законот на Бога, небесен, без двоумење давајте:
22 сребро до сто таланти, пченица до сто кора, вино до сто бата и пак до сто бата масло, а сол - без да се определува количеството.
23 Се, што е заповедано од Бога небесен, треба да се врши грижливо за Неговиот дом, и гледајте, некој да не протегне рака врз домот на Бога небесен, за да не падне гневот Негов врз царството, царот и синовите негови.
24 Го кажавме да знаете, дека на никого од свештениците и левитите, певците, вратарите, Нетинејците и они што служат при тој дом Божји нема да им се наложува данок, ни десеток, ни царина.
25 А ти, Ездра, според мудроста на твојот Бог, која е во раката твоја, постави управители и судии, за да го судат сиот народ од онаа страна на реката, - сите што ги знаат законите на твојот Бог, а кои не знаат, учете ги.
26 И кој не го исполнува законот на твојот Бог и законот царски, тој без одлагање да се осуди, било на смрт, било на заточение, било на парична глоба, или на затвор во темница.
27 Нека е благословен Господ, Бог на татковците наши, Кој вложи во срцето на царот да го украси домот Господов, што е во Ерусалим,
28 и Кој ја управи кон мене милоста на царот, на советниците негови и на сите силни кнезови царски! И јас се охрабрив, бидејки раката на Господа, мојот Бог, беше над мене, и ги собрав кнезовите Израилеви, за да одат со мене.