Естира. Chapter 7
1 И дојде царот со Амана на гозбата кај царицата Естира.
2 Царот ја запраша Естира исто така и во тој втор ден за време гоштевањето: 'Која е твојата желба, царице Естира? Таа ке биде исполнета; и која е молбата твоја? Макар и за половина од царството, таа ке биде исполнета.'
3 Царицата Естира одговори и рече: 'Ако сум нашла милост во твоите очи, царе, и ако на царот му е угодно, нека ми бидат подарени мојот живот, по моја желба, и мојот народ, по моја молба!
4 Зашто јас и мојот народ сме продадени да бидеме истребени, убиени и загинати. Да бевме продадени како роботи и робинки, јас ке молчев, макар непријателот и да не ја надомести штетата на царот.'
5 Проговори царот Артаксеркс и ја праша царицата Естира: 'Кој е тој и каде е тој, кој се осмелил во своето срце да постапи така?'
6 Естира му одговори: 'Врагот и непријателот е овој злобен Аман!' И Аман затрепери пред царот и царицата.
7 И во гневот свој царот стана од гозбата и отиде во градината на дворецот; Аман, пак, остана да ја моли за животот свој царицата Естира, зашто виде дека до царот го чека зло.
8 Кога царот се врати од градината при дворецот во домот на гозбата, Аман се беше наведнал кон леглото, на кое седеше Естира. И царот рече: 'Сака дури и да ја обесчести царицата во куката моја!' Излезе зборот од устата на царот, - му го покрија лицето на Амана.
9 И рече Арвона, еден од царските слуги: 'Еве ја бесилката, што ја беше приготвил Аман за Мардохеја, кој говореше добро за царот, стои во домот на Амана, висока е педесет лакти.' И царот рече: 'Обесете го на неа!'
10 И го обесија Амана на весилката, што тој ја беше направил за Мардохеја. Тогаш гневот на царот стивна.