Дела Ап.. Chapter 6
1 Bо тие денови, кога учениците се намножија, хеленистите се побунија против Евреите, зашто нивните вдовици беа запоставувани при секојдневната поделба на храна.
2 Тогаш дванаесеттемина ги повикаа сите ученици и рекоа: 'Не е праведно ние да го оставиме Божјото слово и да служиме околу трпезите.
3 Затоа, браќа, изберете меѓу себе седум мажи, со добар углед, полни со Светиот Дух и мудрост, на кои ќе им ја довериме таа должност,
4 а ние и натаму ќе им се оддадеме на молитвата и на службата на словото.'
5 И предлогот му се допадна на народот, па беа избрани: Стефан, маж полн со вера и со Светиот Дух, потоа: Вилип, Прохор, Никанор, Тимон, Пармен и Никола, прозелит од Антиох.
6 Нив ги поставија пред апостолите, а овие, кога се помолија, ги положија рацете на нив.
7 А Божјото слово растеше и бројот на учениците во Ерусалим значително се зголемуваше, а и мнозина свештеници и се потчинија на верата.
8 А Стефан, полн со благодат и сила, правеше големи чуда и знаци меѓу народот.
9 Но станаа некои од синагогата, наречени Либертинци, Киринејци, Александријци и оние од Киликија и Азија, и се препираа со Стефан.
10 Меѓутоа не можеа да им се противстават на мудроста и на Духот со кои тој зборуваше.
11 Тогаш наговорија луѓе, кои изјавија: 'Го чувме како хули против Мојсеј и Бог.'
12 Така ги побунија народот, старешините и закониците, и нагрвалија на него, го фатија и го изведоа пред Советот.
13 Донесоа и лажни сведоци, кои рекоа: 'Овој човек постојано хули против ова свето место и против Законот,
14 зашто чувме како зборува дека Овој Исус од Назарет, ќе го разурне ова место и ќе ги измени обичаите, што ни ги предаде Мојсеј.'
15 А сите, кои седеа во Советот втренчено гледаа во него и видоа дека лицето му беше како на ангел.