Броеви. Chapter 22

1 Тогаш синовите Израилеви тргнаа и се задржаа на запад од Моав, кај Јордан спроти Јерихон.
2 И Валак, синот Сепфоров, виде се‘ што им беше направил Израилот на Аморејците.
3 И Моавците многу се уплашија од тој народ, бидејки беше многуброен; затоа тие многу се уплашија од синовите Израилеви.
4 Тогаш Моавците им рекоа на Мадијамските старешини: 'Овој народ сега истебува се‘ околу нас, како што телињата ја изедуваа полската трева.' А Валак, синот Сепфоров, беше моавитски цар во тоа време.
5 Тој испрати пратеници при Валаам, синот Веоров во Фадур, крај реката во земјата на синовите на неговиот народ, да го повикаат и да му кажат: ‘Ете, овие лу е дојдоа од Египет и го покрија лицето земно, и сега се сместени во моето владение.
6 Па дојди и проколни ми го тој народ, бидејки се посилни од мене: тогаш можеби ке бидам во состојба да ги поразам и да ги изгонам од земјата моја; бидејки знам, дека кого ке го благословиш ти, тој е благословен, и кого ке го проколнеш, тој е проколнат.‘
7 И отидоа моавските старешини и старешините Мадијамски со подароци во рацете и дојдоа при Валаам и му ги соопштија Валаковите зборови.
8 И тој им рече: 'Пренокевајте нокеска овде, и јас ке ви одговорам што да правите, онака како што ке ми рече Господ.' И моавските старешини останаа кај Валаама.
9 И дојде Бог при Валаам и му рече: 'Кои се оние лу е кај тебе?'
10 Валаам Му одговори на Бога: 'Моавскиот цар Валак, синот Сепфоров ги испратил при мене да кажат:
11 ‘ете, лу е дојдоа од Египет и го покрија земното лице, па се сместија на моето владение; дојди, па, проколни ги; тогаш можеби ке можам да ги поразам и да ги изгонам од земјата.‘'
12 И му рече Бог на Валаама: 'Не оди со нив, не проколнувај ги тие лу е; тие се благословени.'
13 И утрината стана Валаам и им рече на кнезовите Валакови: 'Вратете се при својот господар, зашто Бог не ми позволува да одам со вас.'
14 Тогаш моавските кнезови станаа и се вратија при Валак, и му рекоа: 'Валаам не сакаше да дојде со нас.'
15 И Валак пак реши да испрати кнезови, повеке и со поголема чест од првите.
16 И тие дојдоа при Валаама и му рекоа: 'Вака вели Валак, синот Сепфоров: те молам не задоцнувај да дојдеш при мене;
17 ке ти укажам големи почести и ке направам за тебе се‘, што ке ми кажеш; па дојди и проколни ги тие лу е.'
18 Валаам одговори и им кажа на кнезовите Валакови: 'Да ми ја дадеше Валак и куката своја, полна со злато и сребро, не можам да ја прекршам заповедта на Господа Бога, и да извршам нешто мало или големо по своја воља;
19 но сепак, останете и вие тука, оваа нок и јас ке разберам, што уште ке ми каже Господ.'
20 И дојде нокта Бог при Валаама и му рече: 'Ако овие лу е дошле да те викаат, стани, оди со нив; но прави го само она, што ке ти го речам Јас.'
21 Утрината Валаам стана, ја оседла ослицата своја и тргна со моавските кнезови.
22 И се разгневи јароста Божја, затоа што тргна тој, и застана Ангел Господов на патот, за да му попречи. Тој јаваше на ослицата своја, а со него и двајца слуги негови.
23 И ослицата го виде Ангелот Господов, застанат на патот со извлечен меч во раката, па скршна од патот и тргна по полето, а Валаам почна да ја бие ослицата со својот жезал за да се врати на патот.
24 И застана Ангелот Господов на еден тесен пат ме у лозјата, оградени и од едната и од другата страна.
25 Ослицата кога го виде Ангелот Господов, тргна кон оградата и ја притисна ногата на Валаама; и тој пак почна да ја бие.
26 Но Ангелот Господов пак се тргна и застана на тесно место, каде што немаше каде да се скршне ни надесно, ниту налево.
27 Ослицата, кога го виде Ангелот Господов, легна под Валаама. И се разгневи Валаам и пак почна да ја бие ослицата со жезалот.
28 Тогаш ја одврза Бог устата на ослицата и тој му рече на Валаама: 'Што ти направив, та ме биеш еве веке третпат?'
29 Валаам и‘ рече на ослицата: 'Затоа што се подигра со мене; да имав во раката меч, сега ке те прободев.'
30 А ослицата му рече на Валаама: 'Не ли сум јас твојата ослица, која ти ја јаваш од младоста твоја до денес? Сум ти правела ли вака досега?' Тој одговори: 'Не'.
31 И му ги отвори Господ очите на Валаама, и тој го виде Ангелот Господов, застанат на патот со извлечен меч во раката, се поклони и падна ничкум.
32 И му рече Ангелот Господов: 'Зошто ја биеш ослицата еве веке три-пати? Јас излегов да ти го попречам патот, зашто патот твој не Ми е по воља!
33 и ослицата, кога ке ме видеше, скршнуваше од мене еве веке три пати; ако не скршнуваше од мене, ке те убиев, а неа ке ја оставев жива.'
34 И му рече Валаам на Ангелот Господов: 'Згрешив, бидејки не знаев, дека Ти стоиш на патот пред мене; и сега, ако тоа Ти е неугодно, јас ке се вратам.'
35 И му рече Ангелот Божји на Валаама: ‘оди со овие лу е; зборувај го само она што Јас ке ти го кажувам.‘ И отиде Валаам со Валаковите кнезови.‘
36 Валак, кога чу, дека доа а Валаам, излезе да го пречека во моавскиот град, кој е во Арнонските предели, при самиот крај.
37 И му рече Валак на Валаама: ‘нели испратив јас при тебе да те викаат, зошто не дојде при мене? Или зар не можам да ти укажам почести?‘
38 И му рече Валаам на Валака: ‘ете, јас дојдов при тебе, но можам ли да кажам нешто од себеси? Она што Бог го вложува во устата моја тоа и ке го кажам.‘
39 И тргна Валаам со Валака, и влегоа во градските куки.
40 И закла Валак телиња и овци и му испрати на Валаама и на кнезовите, кои беа со него.
41 А утрината Валак го зеде Валаама и го качи на Вааловите sидини, за да види оттаму еден дел од народот.