Броеви. Chapter 26
1 По тој пораз Господ му рече на Мојсеја и на свештеникот Елеазар, син Аронов, велејки:
2 'Преброј го целото општество на синовите Израилеви од дваесет години нагоре, според домовите нивни, сите способни за војување во Израилот.'
3 И им рече Мојсеј и свештеникот Елеазар во Аравот моавски кај Јордан, спроти Јордан, спроти Јерихон, велејки:
4 'Пребројте ги сите од дваесет години и нагоре, како што заповеда Господ, кои излегоа од Египетската земја:
5 Рувим, Израилев првороденец. Рувимовите синови: од Енох - Енохово поколение, од Фалу - Фалуовото поколение,
6 од Асрон - Асроновото поколение, од Харми - Хармиевото поколение;
7 тоа се Рувимовите родови: на број тие беа четириесет и три иљади и шестототини и триесет.
8 Фалуовите синови: Елиав,
9 и Елиавовите синови: Намуил, Датан и Авирон. Тоа се оние Датан и Авирон, познати кај народот, кои предизвикаа смут против Мојсеја и Арона заедно со соучесниците на Кореја, кога тие предизвикаа бунт против Господа;
10 па земјата ја отвори устата своја и ги голтна заедно со Кореја: заедно со нив умреа и соучесниците нивни, кога оган изгоре двесте и педесет човека, и тие станаа за пример;
11 но Кореевите синови не изумреа.
12 Симеоновите синови според поколенијата нивни: од Намуил - Намуиловото поколение, од Јамин - Јаминовото поколение, од Јахин - Јахиновото поколение,
13 од Зара - Заровото поколение, од Саул - Сауловото поколение;
14 тоа се Симеоновите родови при пребројувањето нивно: дваесет и две иљади и двесте.
15 Јудините синови: Ир и Авнан, и Силом, Фарес и Зара, но Ир и Авнан умреа во Хананската земја;
16 Јудините синови според поколенијата нивни беа: Силом - Силомовото поколение, од Фарес - Фаресовото поколение, од Зара - Заровото поколение.
17 Фаресови синови беа: од Асрон - Асроновото поколение, од Јамун Јамуновото поколение;
18 тоа се Јудините родови според пребројувањето нивно: седумдесет и шест иљади и петстотини.
19 Исахарови синови според поколенијата нивни: од Тола - Толовото поколение, од Фува - Фувиното поколение,
20 од Јасува - Јасувовото поколение, од Амврам - Амврамовото поколение;
21 тоа се Исахаровите родови, според пребројувањето нивно: шеесет и четири иљади и четиристотини.
22 Завулонови синови според поколенијата нивни: од Саред - Саредово поколение, од Алон - Алоново поколение, од Алил - Алилово поколение;
23 тоа се Завулоновите поколенија, според пребројувањето нивно: шеесет иљади и петстотини.
24 Гадови синови според поколенијата нивни: од Сафон - Сафоновото поколение, од Агин - Агиновото поколение, од Сунин - Суниновото поколение,
25 од Азен - Азеновото поколение, од Ад - Адовото поколение,
26 од Ароад - Ароадовото поколение, од Армал - Армаловото поколение;
27 тоа се поколенијата на Гадовите синови, според пребројувањето нивно: четириесет иљади и петстотини.
28 Асирови синови според поколението нивно: од Јамин - Јаминовото поколение, од Јесу - Јесуовото поколение, од Вариј - Вариевото поколение.
29 Од Вариевите синови, од Ховер - Ховеровото поколение, од Мелхиил - Мелхииловото поколение;
30 Името на Асировата керка беше Сара;
31 Тоа се поколенијата на Асировите синови според пребројувањето нивно: четириесет и три иљади и четиристотини.
32 Јосифови синови според поколенијата нивни: Манасија и Ефрем.
33 Манасиеви синови: од Махир - Махирово поколение, од Махир се роди Галаад, од Галаада - Галадово поколение.
34 Еве ги Галаадовите синови: од Ахиезер - Ахиезеровото поколение, од Хелек - Хелековото поколение,
35 од Есриила - Есрииловото поколение, од Сухем - Сухемовото поколение,
36 од Симаер - Симаеровото поколение, од Офер - Оферовото поколение.
37 Салпаад, син Оферов, немаше синови, туку само керки; имињата на Салпаадовите керки беа: Мала, Нуа, Егла, Мелха и Терса;
38 тоа се Манасиевите поколенија; а на број тие беа педесет и две иљади и седумстотини.
39 Еве ги Ефремовите синови според поколенијата нивни: од Судал - Судаловото поколение, од Танах - Танаховото поколение;
40 А еве ги Судаловите синови: од Еден - Еденовото поколение;
41 тоа се поколенијата на Ефремовите синови, според пребројувањето нивно: триесет и две иљади и петстотини. Тоа се Јосифовите синови според поколенијата нивни.
42 Венијаминовите синови според поколенијата нивни: Вал - Валовото поколение, од Асивир - Асивировото поколение, од Јахиран - Јахирановото поколение;
43 од Софан - Софановото поколение;
44 Валови синови беа: Адер и Ноеман: од Адер - Адеровото поколение, од Ноемана - Ноемановото поколение;
45 тоа се Венијаминовите синови според поколенијата нивни; а на број тие беа четириесет и пет иљади и шестотини.
46 Еве ги Дановите синови според поколенијата нивни: од Самеј - Самеовото поколение;
47 А сите Самеови поколенија според пребројувањето нивно беа: шеесет и четири иљади и четиристотини.
48 Нефталимови синови според поколенијата нивни: од Асил - Асиловото поколение, од Гаун - Гауновото поколение;
49 од Јесер - Јесеровото поколение, од Селим - Селимовото поколение;
50 тоа се Нефталимовите поколенија според пребројувањето нивно: а на број тие беа четириесет и пет иљади и четиристотини.
51 Тоа се влезените во пребројувањето синови Израилеви: шестотини и една иљада и седумстотини и триесет.
52 И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
53 'Ним да им се подели земјата во наследство, според бројот на имињата;
54 на помногубројните дај им поголем дел, а на помалубројните дај им помал дел: секому треба да му се даде дел сразмерно со бројот на влезените во пребројувањето;
55 земјата треба да се подели со жреб, тие треба да добијат наследство според имињата на нивните родови;
56 со жреб да им се поделат нивните делови поме у нив - како на многубројните, така и на малубројните.'
57 Тие се Левиеви синови, што влегоа во пребројувањето според поколенијата свои: од Гирсон - Гирсоновото поколение, од Кат - Катовото поколение, од Мерари - Мерариевото поколение.
58 Ова се Левиевите родови: Ловеновото поколение, Хевроновото поколение, Мусиновото поколение и Кореевото поколение. Од Кат се роди Амрам.
59 Името на Амрамовата жена беше Јохавед, керка Левиева, која е родена од Левиевата жена во Египет, а таа му го роди на Амарма Арона, Мојсеја и Маријам, нивната сестра.
60 На Арона му се родија Надав и Авиуд, Елеазар и Итамар;
61 но Надав и Авиуд умреа, кога принесоа ту оган пред Господа во Синајската пустиња.
62 Сите од машки пол, од еден месец и нагоре, беа преброени дваесет и три иљади; тие не беа преброени заедно со синовите Израилеви, зашто не им беше даден дел ме у синовите Израилеви.
63 Тоа се преброените од Мојсеја и свештеникот Елеазар, кои ги преброија синовите Израилеви во Аравот моавски кај Јордан, спроти Јерихон;
64 ме у нив немаше ни еден од оние, кои Мојсеј и свештеникот Арон ги преброија, кога ги пребројуваа синовите Израилеви во Синајската пустиња;
65 зашто Господ им беше рекол: 'Тие ке изумрат во пустињата.' И никој од нив не остана, освен Јефониевиот син Халев и Навиновиот син Исус.