Броеви. Chapter 21

1 Еден од ханаските цареви, - царот на Арад, кој живееше на југ, кога чу, дека Израилот доа а по патот од кај Атарим, стапи во борба против Израилците и зароби неколкумина од нив.
2 и се заветува Израилот пред Господа, и рече: 'Ако го предадеш овој народ во рацете мои, ке ги истребам градовите нивни, ке ги уништам.'
3 Господ го чу гласот на Израилот и ги предаде Хананејците во рацете негови, и тој победи и градовите негови ги опусти, и тоа место го нарече: запустение.
4 Од планината Ор тие тргнаа кон Црвено Море, за да ја заобиколат земјата на Едом. И по патот народот падна со духот;
5 и возроптаа лу ето против Бога и против Мојсеја: 'Зошто не‘ изведе од Египет, па да умреме во пустињава: тука нема ни леб, ни вода, а во душата ни омрзна таа лоша храна?'
6 и испрати Господ против народот отровни змии, кои го касаа народот, и многу лу е изумреа од синовите Израилеви.
7 И дојде народот при Мојсеја и рече: 'Згрешивме кога се пубунивме против Господа и против тебе; помоли Му се на Гсопдоа да ги отстрани од нас змиите.' И Мојсеј Му се помоли на Господа за народот.
8 И му рече Господ на Мојсеј: 'Направи бакарна змија и закачи ја на знаме како знак, и ако касне некого змија, каснатиот, штом ке ја погледне, ке остане жив.'
9 И направи Мојсеј бакарна змија и ја закачи на знамето како знак, и кога некоја змија ке каснеше некој човек, тој штом ке ја погледнеше бакарната змија, остануваше жив.
10 И тргнаа синовите Израилеви и се задржаа во Овот;
11 се кренаа и од Овот, и застанаа во Ахалагеј, спроти пустињата Моав, која е на исток.
12 Оттаму тргнаа и дојдоа во долината Заред;
13 оттука, кога тргнаа, се задржаа во оној дел од страната на Арнон, кој тече од пределите на Амореја, бидејки Арнон е границата на Моав, ме у Моав и Амореја.
14 Затоа е и речено во книгата за војните Господови: ‘го уништи Зоов, и потокот Арнон.‘
15 И по потокот ја изгради населбата Ир, која му припа а на Моав.
16 Оттука тргнаа кон еден извор, а тоа е оној кладенец, за кој Господ му рече на Мојсеја: ‘собери го народот и ке им дадам вода.‘
17 Тогаш Израилот ја запеа песната: ‘извирај, кладенец!‘
18 Пејте за кладенецот што го ископаа кнезовите, а народните водачи заедно со законодавецот го разрушија со жезлата свои. И од кладенецот тргнаа кон Мантанаил.
19 Од Мантанаил во Наадил, од Наадил, во Вамот,
20 а од Вамот за Напин, кој е во Моавската земја, од пресечениот врв, свртен со лицето кон пустињата.
21 И ги прати Мојсеј пратениците при Сион, аморејскиот, со предлог за мир, и да му кажат:
22 'Дозвои ни да минеме преку твојата земја; ке одиме по патот, нема да навлегуваме ни во селата, ни во лозјата, и нема а пиеме вода од твоите кладенци, а ке одиме по царскиот пат, додека да ги менеме пределите твои.'
23 Но Сион не му дозволи на Израила да мине преку пределите негови; и го собра Сион целиот свој народ и излезе против Израилот во пустињата, и стигна до Јасан и се судри со Израилот.
24 И го порази Израил со меч и завладеа со земјата негова од Арнон до Јавок, дури до Аминовите синови, бидејки Јазир е амонитски предел.
25 И ги зазеде Израил сите тие градови, и се насели Израилот во сите аморејски градови, во Есевон и во сите нему потчинети;
26 зашто Есевон беше град на аморејскиот цар Сион, кој војуваше против поранешниот моавски цар и ја беше одзел од рацете негови целата земја негова од Ароир дури до Арнон.
27 Затоа велат писателите: дојдете во Есевон, нека се изгради и утврди градот Сион;
28 бидејки оган излезе од Есевон, пламен од градот Сионов и изгоре дури до Моав и ги проголта столбовите арнаитски.
29 Тешко тебе, Моаве, изгинаа лу ето Хамосови, синовите негови ги заробија, и керките му станаа робинки на аморејскиот цар Сион.
30 И семето нивно се затре од Есевон дури до Девон, и жените нивни, кои изгореа од оган кај Моав.
31 И се насели Израилот во Аморејската земја.
32 И испрати Мојсеј да го разгледаат Фазир, па го зазедоа него и селата негови, и ги изгонија Аморејците што живееја таму.
33 Тогаш се повратија и појдоа кон Васан. И излезе против нив васанскиот цар Ог, самиот тој и целиот народ негов, за да се судри со нив кај Едраин.
34 И му рече Господ на Мојсеја: 'Не бој се од него, зашто Јас ке ти го предадам во рацете твои наго и целиот народ негов и целата земја негова, и ке постапиш со него, онака како што постапи со аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон.'
35 И го порази него и синовите негови и целиот народ негов, така што ниеден од нив не остана жив; и ја наследија земјата негова.