Броеви. Chapter 25
1 Израил живееше во Ситим и народот почна преку блуд да се осквернува со керките на Моав;
2 и ги покануваа тие да принесуваат жртва на идолите нивни, и народот ги јадеше жртвите нивни и им се клањаше на боговите нивни.
3 И му се поклони Израилот на Ваал-Фегор. И се разгори гневот Господов против Израилот.
4 И му рече Господ на Мојсеја: 'Земи ги сите началници народни и разобличи ги пред Господа спроти сонцето, и ке се одврати јаросниот гнев Господов од Израилот.'
5 Тогаш Мојсеј им рече на племињата Израилеви: 'Секој нека ги убие своите лу е, што му служат на Ваал-Фегор.'
6 И ете, еден од синовите Израилеви дојде и доведе при братот свој една Мадијамка, пред очите на Мојсеја, и пред очите на целото општество на синовите Израилеви, кога тие плачие при влезот од скинијата на сведоштвото.
7 Финес, синот на Елеазара, син на свештеникот Арон, кога го виде тоа, стана среде општеството и зеде во раката копје,
8 и влезе по Израилецот во блудилиштето и ги прободе и обајцата: Израилецот и жената во утробата нејзина; и престана поморот на синовите Израилеви.
9 А умрените од помор беа дваесет и четири иљади.
10 И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
11 'Финес, синот на Елеазара, син на свештеникот Арон, ја одврати јароста Моја од синовите Израилеви, покажувајки ме у нив ревност за Мене, и Јас не ги истребив синовите Израилеви во ревноста Своја.
12 Така кажи им: ‘ете, Јас му давам мирен завет;
13 и тој ке биде за него и за потомството негово по него завет на вечно свештенство, затоа што покажа ревност за својот Бог и Го омилостиви за синовите Израилеви.'
14 Името на убиениот Израилец, кој беше убиен со Мадијамката, е Замври, син на Сало, началник на Симеоновото поколение;
15 а името на убиената Мадијамка е Хазва; таа беше керка на Сура, началник на Мадијамското племе Омот.
16 Пак му рече Господ на Мојсеја, велејки:
17 'Сметајте ги за непријатели Мадијамците и поразувајте ги,
18 зашто тие со подмолноста своја постапуваа непријателски спрема вас, соблазнувајки ве со Фегора и со Хазва, керката на мадијамскиот началник, нивна сестра, убиена во денот на поморот поради Фегор.'