Броеви. Chapter 3
1 Ова е родословот Аронов и Мојсеев, во оној ден кога му говореше Господ на Мојсеја на планината Синај.
2 Еве ги имињата на синовите Аронови: првенецот Надав, Авуид, Елеазар и Итамар.
3 Тоа се имињата на Ароновите синови, помазани за свештеници, кои тој ги посвети за да свештенодејствуваат.
4 Но Надав и Авиуд умреа пред Господа, кога донесоа ту оган пред Господа во Синајската пустиња, а немаа деца; Елеазар, пак, и Итамар останаа како свештеници кај татка си Арона.
5 И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
6 'Доведи го Левиевото племе и постави го при свештеникот Арона, за да му служат;
7 и нека тие бидат на стража за него и на стража за целото општество Израилево при скинијата на сведоштвото, за да се извршуваат службите при скинијата;
8 и да ги пазат сите сосуди во скинијата на сведоштвото и да бидат на стража за синовите Израилеви во врска со сите работи што се вршат околу скинијата.
9 И дај му ги левитите на Арон, братот твој, и на синовите негови свештениците: нека Ми бидат тие дадени како дар од синовите Израилеви.
10 А Арон и синовите негови постави ги над скинијата на сведоштвото, за да ја пазат свештеничката дожност и се‘ што е кај жртвеникот и зад завесата; а ако некој надворешен се доближи, да биде убиен.'
11 И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
12 'Ете, Јас си зедов левитите ме у синовите Израилеви наместо сите првородени од Израилевите синови, што ја отвораат утробата, тие се откуп; левитите да бидат Мои,
13 бидејки сите првородени се Мои; во денот, кога ги поразив сите првородени во Египетската земја, Јас си осветив за Себе сите Израилеви провородени од човек до добиток: тие да бидат Мои. Јас сум Господ.'
14 И му рече Господ на Мојсеја во Синајската пустиња, велејки:
15 'Преброј ги Левиевите синови според домовите нивни, според родовите нивни, преброј се‘ од машки пол од еден месец, и нагоре!'
16 И ги преброи Мојсеј и Арон според зборовите Господови, како што беше заповедано.
17 Еве ги Левиевите синови според имињата нивни: Гирсон, Каат и Мерари.
18 А ова се имињата на Гирсоновите синови според родовите нивни: Ловен и Семеј.
19 И Катовите синови според родовите нивни: Амрам и Исар, Хеврон и Узиил.
20 И Мерариевите синови според родовите нивни: Моли и Муси. Тоа се Левисвите родови според домовите нивни:
21 Од Гирсона произлегува родот Ловенов, родот Семејов: тоа се Гирсоновците.
22 Сите, изброени од машки пол, од еден месец и нагоре, беа седум иљади и петстотини.
23 Родовите на Гирсоновци се беа сместиле зад скинијата, кон запад.
24 Началник на поколението од Гиросовите синови беше Елисаф, син Даилов;
25 на Гирсоновите синови при скинијата на сведоштвото им е доверено да ги пазат: скинијата и покривката нејзина, завесата над влезот во скинијата на сведоштвото,
26 оградите од тремот, завесата од влезот во тремот, што е околу скинијата и жртвеникот, и сите други негови делови.
27 Од Каат произлегува родот Амрамов и родот Исаров, и родот Хевронов и родот Узиилов: тоа се Катовците;
28 Според пребројувањето сите од машки пол, од еден месец и нагоре, беа осум иљади и шестотини, кои го чуваа (пазеа) светилиштето.
29 Родовите на Каатовци да се сместат на јужната страна од скинијата;
30 а началникот на племето Каатовци беше Елисафан, синот Узиилов;
31 тие го чуваа ковчегот, трпезата, светилникот, жртвениците, садовите на светилиштето, со кои се служи, и завесата со сите нејзини работи.
32 Началник над началниците на левитите беше Елеазар, син на свештеникот Арон; поставен како стража да го чува светилиштето.
33 Од Мерари произлегува родот на Моли и родот на Муси; тоа се родови Мерариови;
34 сите преброени од машки пол, од еден месец и нагоре, беа на број шест иљади и двесте;
35 началник на домот на Мерариевци беше Суриил, син Авихеов; тие да се распоредат на северната страна;
36 на Мерариевите синови им беше доверено да ги пазат штиците на скинијата и јажињата нејзини, столбовите, подножјата нејзини, сите сосуди, и сите работи со целото нивно устројство,
37 столбовите од тремот наоколу и подножјата нивни, колците нивни и јажињата нивни.
38 А од предната страна на скинијата, на исток, сместени беа Мојсеј и Арон, и синовите негови, кои место синовите Израилеви, го пазеа светилиштето; ако, пак, некој ту инец, се доближеше, биваше убиен.
39 Сите изброени левити, што ги преброи Мојсеј и Арон по заповед на Господа, според родовите нивни, сите од машки пол, од еден месец нагоре, веа дваесет и две иљади.
40 И му рече Господ на Мојсеја: 'Преброј ги сите првородени синови Израилеви од машки пол, од еден месец и нагоре, и преброј ги поименично;
41 и земи ги левитите за Мене, наместо сите првородени од синовите Израилеви, - Јас сум Господ, - а добитокот на левитите место сиот првороден добиток на синовите Израилеви.'
42 И ги преброи Мојсеј, како што му заповеда Господ, сите првородени од синовите Израилеви;
43 и сите првородени од машки пол, според бројот на имињата, од еден месец и нагоре, беа дваесет и две иљади и двесте и седумдесет и три.
44 И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
45 'Земи ги левитите место сите првородени од синовите Израилеви, и добитокот на левитите, место нивниот добиток; левитите нека бидат Мои. Јас сум Господ.
46 А за откуп на десте и седумдесет и трите првородени Израилеви, со кои го надминуваа бројот на левитите,
47 земи по пет сикли за човек, според свештената сикла земи, по даесет пенези од сикла,
48 и дај му го тоа сребро на Арона и на синовите негови, за откуп на оние, што го надминуваат нивниот број.'
49 И го зеде Мојсеј среброто од откупот за оние, што го надмунуваат бројот на заменетите со левитите.
50 Од првородените Израилеви синови зеде сребро иљада и триста и шеесет и пет сикли, според свештената сикла;
51 и среброто од откупот, за оние што го надминуваат бројот, Мојсеј му го даде на Арона и на синовите негови според зборовите на Господа, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.