Броеви. Chapter 13
1 Потоа народот тргна од Асирот и се размести во шатори, во пустињата Фаран.
2 И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
3 'Испрати од себе лу е да ја разгледаат Хананската земја, која Јас им ја давам на синовите Израилеви во владение: по еден човек од секое племе според домовите нивни; испрати ги сите нивни старешини!'
4 Тогаш Мојсеј ги испрати од пустињата Фаран, по заповед Господова, и тие сите беа мажи, старешини на синовите Израилеви.
5 Еве ги имињата нивни: од Рувимовото племе - Самуил, Захуровиот син;
6 од Симеоновот племе - Сафат, Суриевиот син;
7 од Јудиното племе - Халев, Јефониевиот син;
8 од Исахаровото племе - Игал, Јосифовиот син;
9 од Ефремовото племе Авсис Навиновиот син;
10 од Венијаминовото племе - Фалтиј, Рафувовиот син;
11 од Завулоновото племе - Гудиил, Судиевиот син;
12 од Јосифовото племе на синовите Манасиини - Гадиј, Сусиновиот син;
13 од Дановото племе - Амиил, синот на Гамалин;
14 од Асировото племе - Сатур, Михаиловиот син;
15 од Нефталимовото племе - Навиј, Савиновиот син;
16 од Гадовото племе - Гудиил, Махиловиот син.
17 Тоа се имињата на мажите, што ги испрати Мојсеј да ја разгледаат земјата. И го нарече Мојсеј Осија, Навиновиот син, Исус.
18 Ги испрати Мојсеј од пустињата Фаран, за да ја разгледаат Хананската земја и им рече: 'Одете во онаа пустиња и качете се на гората,
19 и погледајте ја земјата каква е, и народот, што живее таму: силен ли е или е слаб, малуброен ли е или е многуброен;
20 и каква е земјата, каде што живее тој, добра ли е или лоша; и какви се градовите, во кои живее, - оградени ли се или не.
21 Каква е земјата, плодна ли е или не, има ли на неа дрвја или нема? Поткрепете се, па земете од плодовите на земјата.' А тоа беше во пролет кога зреат јагодите.
22 Тие отидоа и ја разгледаа земјата од пустињата Син дури до Роов, близу до Емат;
23 и одејки по пустињата, тие стигнаа до Хеврон, каде што живееја Ахиман, Сесиј, и Теламин, од родот на Енах; а Хеврон беше изграден седум години порано од египетскиот град Танин;
24 и дојдоа до долината со лозја и ја разгледаа, и таму видоа прачка со еден грозд, ја пресекоа и обајцата ја понесоа на стап; зедоа и калинки и смокви;
25 тие го нарекоа тоа место лозова долина поради гроздот што го пресекоа таму синовите Израилеви.
26 И откако ја разгледаа земјата, се вратија по четириесет дена.
27 И кога пристигнаа и дојдоа кај Мојсеја и Арона и кај целото општество на синовите Израилеви во пустињата Фаран, во Кадес, тие му донесоа таму и на целиот народ одговор, и им ги покажаа плодовите од онаа земја;
28 и му раскажаа и рекоа: 'Бевме во земјата, во која не‘ испрати; во земјата каде што тече мед и млеко, и еве ги плодовите нејзини;
29 но народот, што живее во таа земја, е силен, и градовите се укрепени со големи огради; таму го видовме и родот Енахов.
30 Амалик живее во јужниот дел на земјата, а Хетејците, Евејците, Јевусејците и Аморејците живеат по планината, Хананејците, пак, жиевеат крај морето и по брегот на Јордан.'
31 Но Халев го успокојуваше народот пред Мојсеја, велејки: 'Да идеме и да ја преземеме, зашто можеме да ја завладееме!'
32 А оние, што беа оделе заедно со него, рекоа: 'Не можеме да одиме против тој народ, зашто е посилен од нас.'
33 И протурија ужасни гласови ме у синовите Израилеви за земјата, што ја беа разгледале и велеа: 'Земјата што ја изодивме, за да ја разледаме, е земја, која ги голта своите жители, и сите, што ги видовме на неа, се многу поголеми.
34 И таму видовме исполини, од родот Енахов; ние изгледавме пред нив како скакулци, такви бевме и во нивните очи.'