Броеви. Chapter 9
1 И му рече Господ на Мојсеја во Синајската пустиња во првиот месец од втората година, откако беа излегле од Египетската земја, велејки:
2 'Нека напарват синовите Израилеви Пасха во определеното за неа време:
3 на четиринаесеттиот ден од тој месец вечерта направете ја во определеното време за неа; според занокот за неа и со сите обреди за неа направете ја!'
4 И им рече Мојсеј на синовите Израилеви да направат Пасха.
5 И направија Пасха во првиот месец, на четиринаесеттиот ден од месецот вечерта, во Синајската пустиња: како што му заповеда Господ на Мојсеја, така и постапија во се‘ синовите Израилеви.
6 А имаше лу е, кои беа нечисти од допир до мртви човечки тела, па не можеа да направат Пасха во оној ден; и дојдоа тие лу е во оној ден кај Мојсеја и Арона,
7 и му рекоа на Мојсеја: 'Ние сме нечисти од допир до мртви човечки тела; зошто не ни дозволуваат и ние да му принесеме принос на Господа во определеното време ме у синовите Израилеви?'
8 И им рече Мојсеј: 'Почекајте да чујам, како ке заповеда Господ за вас.'
9 И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
10 'Кажи им на синовите Израилеви: ако некој од вас или од потомците ваши биде нечист поради допир до мртво тело, или биде на долг пат, при вас или кај родовите ваши, и тој нека направи Пасха Господова.
11 Таквите нека ја направат во четиринаесеттиот ден од вториот месец вечерта и нека ја јадат со бесквасен леб и со горчливи тревки;
12 и да не оставаат од неа за утрешниот ден и коските нејзини да не се кршат; нека ја направат според сите наредби за Пасха.
13 А оној што е чист, а не бил на долг пат и не направи Пасха, - да се истреби таа душа од народот свој, зашто тој не Му принесол дар на Господа во определеното време: грев нека прими врз себе тој човек.
14 Ако при вас живее придојден и тој треба да направи Пасха Господова; според наредбата за Пасха и спред обредот за неа тој трева да ја направи; една наредба нека е за вас - и за придојден, и за тукашен.
15 Во оној ден кога беше поставена скинијата, облак ја покри скинијата и домот на сведоштвото, и до вечерта па до мугри со гледаше нешто како оган над скинијата.
16 Така стануваше секогаш: облак ја покриваше дење и нешто како оган - ноке.
17 И штом облакот ке се кренеше од скинијата, синовите Израилеви тргнуваа на пат, и на местото, каде што облакот запираше, таму се сместуваа синовите Израилеви.
18 По заповед на Господа синовите Израилеви тргнуваа на пат и по заповед на Господа застануваа: за сето време, додека облакот сотеше над скинијата, стоеја и тие;
19 и ако облакот долго време остануваше над скинијата, синовите Израилеви го набљудуваа тој Господов знак и не тргнуваа.
20 Понекогаш, пак, облакот малку време остануваше над скинијата: според знакот Господов тие се запираа и според знакот Господов тргнуваа на пат.
21 Понекогаш облакот стоеше само од вечечерта до утрината, и наутро облакот се креваше, тогаш и тие тргнуваа; или облакот стоеше и дење и ноке, и кога ке се кренеше, тогаш и тие тргнуваа;
22 или ако еден ден, или цел месец, облакот остануваше над скинијата, тогаш и синовите Израилеви стоеја и не тргнуваа на пат; а кога ке се издигнеше, тогаш тргнуваа.
23 На знакот Господов се запираа и според знакот Господов тргнуваа на пат, го набљудуваа знакот Господов по заповедта на Господа, дадена преку Мојсеја.