2 Цареви. Chapter 2
1 Во она време, кога Господ сакаше да го вознесе Илија на небото во виор, Илија со Јелисеја доа аше од Галгал.
2 И му рече Илија на Јелисеја: 'Остани тука, зашто Господ ме испрака во Ветил.' Но Јелисеј рече: 'Жив Господ и жива ти душа! Нема да те оставам.' И отидоа во Ветил.
3 И излегоа при Јелисеја синовите пророчки, што беа во Ветил, и му рекоа: 'Знаеш, ли дека денес Гсопод ке го вознесе твојот господар над главата твоја!' Тој одговори: 'И јас знам, молчете.'
4 И му рече Илија: 'Јелисее, остани тука, зашто Господ ме испрака во Јерихон.' А тој рече: 'Жив Господ и живе ти душа! Нема да те оставам.' И дојдоа во Јерихон.
5 Тогаш се приближија синовите пророчки, што беа во Јерихон, и му рекоа: 'Знаеш ли, дека денес Господ го зема твојот господар и ке го вознесе над главата твоја?' Тој одговори: 'И јас знам, молчете.'
6 Пак му рече Илија на Јелисеја: 'Остани тука, зашто Господ ме испрака во Јордан. А тој рече: 'Жив Господ и жива ти душа! Нема да те оставам.' И тргнаа обајцата.
7 Педесет души од синовите пророчки тргнаа и застанаа подалеку спроти нив, а тие двајца стоеја при Јордан.
8 Тогаш го зеде Илија кожувот свој, го свитка и удри со него по водата, и таа се раздели на две страни, па така и двајцата минаа по суво.
9 Кога минаа, Илија му рече на Јелисеја: 'Барај, што сакаш да ти направам, пред да бидам земен од тебе.' Јелисеј одговори: 'Духот, кој е во тебе, да биде двојно во мене.'
10 А тој рече: 'Бараш нешто многу тешко; ако видиш, како ке бидам земен од тебе, така ке ти биде; ако, пак, не видиш, нема да ти биде.'
11 Како што одеа и си разговараа по патот, наеднаш се појави огнена кола и огнени коњи, и ги раздвоија еден од друг, и Илија се понесе во виорот кон небото.
12 А Јелисеј гледаше и извика: 'Оче мој, оче мој, кола на Израилот и негова коњица!' И веке не го виде. Па ја фати облеката своја, и ја раскина на две парчиња.
13 И го крена тој кожувот на Илија, што беше паднал од него, па се врати и се запре крај брегот на Јордан;
14 го зеде кожувот на Илија, што беше паднал од него, удри со него по водата, и рече: 'Каде е Господ, Бог Илиев? Он Самиот?' И удри по водата, а таа се раздели на две страни, и Јелисеј помина.
15 И го видоа од далеку синовите пророкови, што беа во Јерихон и рекоа: 'Илиевиот дух слезе врз Јелисеја.' Му излегоа во пресрет и му се поклонија до земја.
16 И му рекоа: 'Ете, во нас, твоите слуги, има педесет души силни мажи; нека одат тие да го побараат господарот твој; можеби, Духот Господов го однел и го фрлил на некоја гора, или во некој дол.' А тој рече: 'Немојте да испракате!'
17 Но тие настојуваа пред него многу, та му здодеаја, па им рече: 'Испратете!' И испратија педесет души, кои бараа три дена, но не го најдоа,
18 и се вратија при него, додека тој беше во Јерихон; и тој им рече: 'Нели ви говорев: не одете!'
19 Тогаш жителите на градот му кажаа на Јелисеја: 'Ете, како што гледаш, господару, положбата на овој град е добра; но водата е лоша и земјата е бесплодна.'
20 А тој рече: 'Дајте ми нова чаша и турета во неа сол.' И му дадоа.
21 Тој отиде при изворот на водата, ја фрли во неа солта и рече: 'Вака вели Господ: ‘Јас ја направив здрава таа вода; и во иднина нема да доа а од неа ни смрт, ни бесплодност.‘'
22 И водата остана здрава до денес, според зборот, што го кажа Јелисеј.
23 Оттаму тој отиде во Ветил. Кога одеше по патот, мали деца излегоа од градот, му се потсмеваа и му велеа: 'Врви, келавко! Врви, келавко!'
24 Тој се сврти, ги виде и ги проколна во името Господово. Тогаш излегоа од гората две мечки и раскинаа од нив четириесет и две деца.
25 Оттука отиде на гората Кармил, а оттаму се врати во Самарија.