2 Цареви. Chapter 25

1 Во деветтата година од царувањето свое, во десеттиот месец, на десеттиот ден од месецот, вавилонскиот цар Навуходоносор дојде со сета своја војска пред Ерусалим, го опседна и направи околу него опкоп.
2 И градот стоеше во опсада до единаесеттата година од владеењето на царот Седекиј.
3 На деветтиот ден од месецот гладот се засили во градот, и народот на земјата немаше леб.
4 Градот беше преземен, и сите воени лица избегаа ноке по патот кон портите, ме у двата sида, што се до царската градина; а Халдцејците стоеја околу градот, и царот отиде по патот кон рамнината.
5 Халдејската војска се спушти по царот и го стигна во Јерихонските рамнини, и сета војска негова се разбега од него.
6 Тогаш го фатија царот, го одведоа при вавилонскиот цар во Ривла и извршија над него суд;
7 синовите на Седекија ги заклаа пред очите негови, а на Седекија му ги избодоа очите, го оковаа во окови и го одведоа во Вавилон.
8 На петтиот месец, на седмиот ден од месецот, односно во деветнаесеттата година од владеењето на вавилонскиот цар Навуходоносор, дојде Навузардан, заповедник на телохранителите, слуга на вавилонскиот цар, во Ерусалим
9 и го изгоре домот Господов и царскиот дом, и сите куки во Ерусалим, и сите големи куки ги изгоре со оган;
10 и sидовите околу Ерусалим беа урнати од халдејската војска, што беше со заповедникот на телохранителите.
11 А другиот народ, што беше останал во градот, и одметниците, кои му се предале на вавилонскиот цар, а и другиот прот народ ги исели Навузардан, заповедникот на телохранителите.
12 Само малкумина од сиромасите на оваа земја заповедникот на телохранителите ги остави за работници во лозјата и за земјоделци.
13 И бронзените столбови во домот Господов, и подножјата, и бронзеното море во домот Господов Халдејците го испокршија и ја однесоа бронзата нивна во Вавилон;
14 и котлите, и лопатките, и штипките, и лажиците, и сите бакарни садови, што се употребуваа во службата, ги кренаа;
15 и кадилниците, и садовите, - се што имаше златно, и се што имаше сребрено, го зеде заповедникот на телохранителите;
16 столбови два, море едно, и подножјата што Соломон ги беше направил во домот Господов, - бронзата во сите тие работи немаше мерка.
17 Едниот столб беше висок осумнаесет лакти, главата му беше од бронза, а висината на главата - три лакти, и мрежата на наровите околу главата - сето тоа беше од бронза. Тоа исто го имаше и другиот столб со мрежата.
18 Заповедникот на телохранителите го зеде првосвештеникот Сераија, врориот свештеник Софанија и тројцата вратари.
19 Од градот тој зеде еден дворски човек, кој беше заповедник на воените лица, и петте души, што стоеја пред царското лице и се нао аа во градот, и главниот писар на војската, што го запишуваше во војската народот на земјата, и шеесет души од народот на земјата, кои се нао аа во градот.
20 Ги зеде Навузардан, началникот на телохранителите, и ги одведе при вавилонскиот цар во Ривла.
21 И вавилонскиот цар ги порази и ги погуби во Ривла, во земјата Емат. И Јудејците беа иселени од земјата своја.
22 А над народот, оставен во Јудејската земја, вавилонскиот цар Навуходоносор го постави за управник Годолија, синот на Ахикама, Сафанов син.
23 Кога сите војводи, тие и лу ето нивни, слушнаа дека вавилонскиот цар го поставил за управник Годолија, дојдоа при Годолија во Масифа, односно Исмаил, синот на Натанија, Јоанан, синот Каритов, Сараја, синот Танаметов од Нето, Фатит и Језаниј, син Магатетов, тие и лу ето нивни.
24 И им се заколна Годолија ним и на лу ето нивни и им рече: 'Не плашете се што ке бидете потчинети на Халдејците; населувајте се во земјата, служете му на вавилонскиот цар и ке ви биде добро.'
25 Но во седмиот месец дојде Исмаил, синот на Натанија, Елисамов син, од царски род, со десет души, го порази Годолија, и тој умре, а и Јудејците, и Халдејците, што беа во Масифа.
26 Тогаш се крена сиот народ, од мало до големо, и војводите, па отидоа во Египет, зашто се плашеа од Халдејците.
27 Во триесет и седмата година од преселувањето на јудејскиот цар Јехонија, во дванаесеттиот месец, на дваесет и седмиот ден од месецот, вавилонскиот цар Евилмародах, во годината на царувањето свое, го изведе од затвор јудејскиот цар Јехонија,
28 говореше со него пријателски и ги постави престолот негов погоре од престолот на царевите, што беа пред него во Вавилон;
29 и му ја смени затворската облека негова; и секогаш Јехонија јадеше со него, во сите дни на животот свој.
30 За постојана издржка, му се даваше на царот, секој ден, во сите дни на животот негов.