2 Цареви. Chapter 20

1 Во тие дни се разболе Језекиј на смрт; и дојде при него Амосовиот син, пророкот Исаија и му рече: 'Вака вели Господ: ‘среди ги работите за домот свој, зашто ке умреш, нема да оздравиш.‘'
2 Се свти Језекиј со лицето кон sидот и Му се помоли на Господа, велејки:
3 'О Господи, спомни си, дека јас одев пред лицето Твое верно и со предано на Тебе срце, и го вршев она, што беше угодно пред очите Твои.' И заплака Језекиј силно.
4 Исаија уште не беше излегол од средниот двор, и би словото Господово кон него:
5 'Врати се и кажи му на Језекија, владетелот на Мојот народ: вака вели Господ, Бог на твојот татко Давида - Ја чув молитвата твоја, ги видов солзите твои. Јас ке те излекувам; на третиот ден ке отидеш во домот Господов;
6 и ке додадам кон деновите твои петнаесет години, и ке те спасам од рацете на асирскиот цар тебе и твојот град, и ке го заштитам тој град заради Себеси и заради Мојот слуга Давида.'
7 Тогаш рече Исаија: 'Земете суви смокви.' И зедоа, и ги наложија на чирот; и тој оздраве.
8 Језекиј му рече на Исаија: 'Каков е знакот, дека Господ ке ме излекува и дека на третиот ден ке одам во домот Господов?'
9 Исаија одговори: 'Еве ти знак од Господа, дека Господ ке го исполни словото, што го кажал - сакаш ли напред да оди сенката десет степени или десет степени назад?'
10 И рече Језекиј: 'Лесно е да се помести сенката десет степени напред; не, нека се врати сенката десет степени назад.'
11 Повика пророкот Исаија кон Господа, и Он ја врати сенката назад десет степени според Ахазовите степени, по кои се спушташе.
12 Во тоа време вавилонскиот цар Мародах Валадан, син на Валадана, му испрати писмо и подароци на Језекија, зашто беше чул, дека Јазекиј бил болен.
13 Језекиј, откако ги слушна пратениците, им ги покажа ризниците свои, среброто и златото, и ароматите, и скапоцените масла, и целата своја оружарница и се што се нао аше во скровиштата негови; и не остана ништо, што да не им го покажа Језекиј во домот свој и во целото свое владение.
14 Пророкот Исаија додјде при царот Језекија и го праша: 'Што кажаа тие лу е, и од каде дојдоа при тебе?' Језекиј одговори: 'Од далечна земја дојдоа тие, од Вавилон.'
15 Исаија пак праша: 'Што видоа тие во домот твој?' Језекиј одговори: 'Видоа се што е во мојот дом; не остана ништо, што да ни им го покажав во ризниците свои.'
16 Тогаш Исаија му рече на Језекија: 'Чуј го словото Господово:
17 ‘Еве, ке дојдат дни, и се што е во твојот дом, и што го собрале татковците твои до денес, ке биде однесено во Вавилон; ништо нема да остане - вели Господ.
18 Kе земат од синовите твои, што ке произлезе од тебе, што ке го родиш, и тие ке бидат слуги во дворецот на вавилонскиот цар.'
19 А Језекиј му рече на Исаија: 'Добро е словото Господово, што ти го изрече.' И продолжи: 'Да биде мир и доброчестивост во моите дни!'
20 Другата работа за Језекија, за сите негови подвизи, дека направи езера и водовод и спроведе вода во градот, опишано е во летописите на јудејските цареви.
21 И почина Језекиј при татковците свои, а место него стана цар синот негов Манасиј.