2 Цареви. Chapter 3
1 Јорам, синот Ахавов, стана цар над Израилот во Самарија во осумнаесеттата година на јудејскиот цар Јосафат и царуваше дваесет години.
2 Тој вршеше она што беше неугодно пред очите на Господа, макар и не така, како татко му и мајка му, зашто ја собори статуата на Ваала, што беше ја напарвил татко му;
3 при сето тоа тој остана во гревовите на Јеровоама, Наватовиот син, што беше го навел на грев Израилот, и не отстапуваше од нив.
4 Моавскиот цар Моса имаше многу добиток и му испракаше на израилскиот цар по сто иљади овци и по сто иљади неистрижени овни.
5 Но, штом умре Ахав, моавскиот цар се одметна од израилскиот цар.
6 Во она време царот Јорам излезе од Самарија и ги преброи сите Израилци,
7 па отиде и испрати да му кажат на јудејскиот цар Јосафата: 'Моавскиот цар се одметна од мене; одиш ли со мене во војна против Моава?' Тој одговори: 'Одам; како што ке отидеш ти, така и јас, како твојот народ, така и мојот народ, како твоите коњи, така и моите коњи.'
8 И рече: 'По кој пат да одам?' Тој рече: 'По патот низ Едомската пустиња.'
9 И тргнаа израилскот цар, јудејскиот цар и едомскиот цар, и одеа по заобиколен пат седум дена, и немаше вода за војската и за добитокот, што одеше по нив.
10 Тогаш рече израилскиот цар: 'Ах! Господ ги изведе овие тројца цареви, за да ги предаде во раката на Моава.'
11 Но Јосафат рече: 'Нема ли тука пророк Господов, па преку него да го прашаме Господа?' Одговори еден од слугите на израилскиот цар и рече: 'Тука е Јелисеј, Сафатовиот син, кој полеваше вода на Илиевите раце.'
12 И рече Јосафат: 'Во него има слово Господово.' И отидоа при него израилскиот цар и Јосафат и едомскиот цар.
13 И му рече Јелисеј на израилскиот цар: 'Што имаш ти со мене! Оди кај пророците на татковците свои и кај пророците на мајка си своја.' И му кажа израилскиот цар: 'Не, зашто Господ ги изведе овде овие тројца цареви, за да ги предаде во раката на Моава.'
14 И рече Јелисеј: 'Жив Господ Саваот, пред Кого стојам! Ако не го почитував Јосафата, јудејскиот цар, не би те погледнал и не би те видел;
15 туку повикајте ми гуслар.' И кога гусларот свиреше на гуслата, тогаш раката Господова се допре до Јелисеја,
16 и тој рече: 'Вака говори Господ: ‘Направете ја оваа долина јама до јама;
17 зашто вака вели Господ: нема да видите ветар и нема да видите дожд, а оваа долина ке се наполни со вода, од која ке пиете вие и ситниот и крупниот добиток ваш;
18 но тоа е малку пред очите на Господа: Он и Моава ке го предаде во рацете ваши,
19 и ке ги поразите сите укрепени градови и сите главни градови, и ке ги исечете сите добри дрвја, и ке ги запрете сите извори, и сите добри ниви и ке ги затрупате со камења.'
20 Утредента, кога се вознесуваше лебен принос, наеднаш потече вода по патот од Едом, и земјата се наполни со вода.
21 Кога слушнаа Моавците, дека царевите доа аат да војуваат со нив, беа собрани сите, што носат појас и постари, па застанаа на границата.
22 Изутрината станаа рано, кога сонцето изгреа над водата; на Моавците таа вода оддалеку им се прични црвена како крв.
23 И тие рекоа: 'Тое е крв; се степале царевите ме у себе и се истребиле еден со друг. А сега на плен, Моаве!'
24 И тие дојдоа до израилскиот логор. Станаа Израилците и фатија да ги поразуваат Моавците, кои почнаа да бегаат од нив, а тие продолжуваа да налетуваат врз нив и да ги поразуваат.
25 И ги разрушија градовите, и во секоја добра нива секој фрли по еден камен, и ја наполнија, и сите водни извори ги затрупаа, и сите плодни дрвја ги исекоа, така што во Кир-Харамет останаа само камења. И го заобиколија праккашите и го разрушија.
26 Тогаш моавскиот цар виде дека ја губи битката, и зеде со себе седумстотини души, кои ракуваа со меч, за да се пробијат кон едомскиот цар, но не можеа.
27 И тој го зеде својот првороден син, кому му се па аше да царува место него, и го принесе како жртва сепаленица врз sидот. Тоа предизвика големо негодување кај Израилците, и тие се повлекоа од него и се вратија во земјата своја.