2 Цареви. Chapter 6

1 Тогаш пророчките синови му кажаа на Јелисеја: 'Ете, местото каде што живееме при тебе, е тесно за нас;
2 да одиме до Јордан, да земеме оттаму секој по една греда и да си направиме таму живеалиште.' Тој им рече: 'Одете!'
3 А еден од нив рече: 'Направи ни милост, дојди и ти со слугите твои.' Тој одговори: 'Kе дојдам.'
4 И тргна со нив, дојдоа до Јордан и почнаа да сечат дрвја.
5 И кога еден соборуваше греда, секирата му падна во водата. Тој извика и рече: 'Ах, господару! А таа беше земена на заем!'
6 Божјиот човек запраше: 'Каде падна таа?' Тој му го покажа местото. Тогаш Јелисеј исече парче дрво, па го фрли таму, и секирата исплива.
7 Тогаш му рече: 'Земи си ја.' Тој ја спружи раката и ја зеде.
8 Сирискиот цар тргна во војна против Израилците и се советуваше со слугите свои, велејки: 'Во тоа и тоа место ке го поставиме својот логор.'
9 Божјиот човек испрати да му кажат на Израилскиот цар: 'Внимавај да не минуваш преку она место, зашто таму Сиријците се во заседа.'
10 И Израилскиот цар испрати разузнавачи, на тоа место, за кое му порача Божјиот човек, и се пазеше; и се зачува оттаму не еднаш и не двапати.
11 И му се вознемири срцето на сирискиот цар порати тоа, и тој ги повика слугите свои и им рече: 'Кажете ми, кој од нашите одржува врска со израилскиот цар?'
12 И рече еден од слугите негови: 'Никој, господару мој, цару; туку пророкот Јелисеј, кој е во Израилот, му ги соопштува на израилскиот цар и оние зборови, што ти ги говориш во спалната соба своја.'
13 Тогаш тој рече: 'Одете, дознајте, каде е тој, и јас ке испратам да го фатат.' И му соопштија и рекоа: 'Ете, тој е во Дотаим.'
14 И испрати таму коњи и коли и многу војска. Дојдоа ноке и го опколија градот.
15 Изутрината слугата на Божјиот човек стана и излезе. А тоа војската околу градот и коњи иколи. Слугата му рече: 'Тешко, господару! Што да правиме?'
16 Тој одговори: 'Не плаши се, зашто оние, што се со нас, се повеке од оние, што се со нив.'
17 Јелисеј се помоли и рече: 'Господи, отвори му ги очите да види.' И Господ му ги отвори очите на слугата, и тој виде, а тоа целата гора полна со коњи и огнени коли околу Јелисеја.
18 Кога Сиријците отидоа при него, Јелисеј му се помоли на Господа и рече: 'Порази ги со слепило. И Господ ги порази со слепило, според зборот на Јелисеја.
19 Јелисеј тогаш им рече: 'Не е тоа патот, не е тоа градот, одете по мене, јас ке ве одведам при оној, што го барате.' И ги одведе во Самарија.
20 Кога дојдоа во Самарија, Јелисеј рече: 'Господи, отвори им ги очите да видат.' И Господ им ги отвори очите, и видоа дека се среде Самарија.
21 Израилскиот цар, кога ги виде, го праша Јелисеја: 'Да ги убијам ли, оче мој?'
22 Но тој одговори: 'Не ги убивај. Зар со сабјата своја и со лакот свој ги зароби, та да ги убиваш? Дај им леб и вода; нека јадат и пијат, и да си одат при господарот свој.'
23 Тој им приготви голем обед, и тие јадеа и пиеја. Ги отпушти, и тие си отидоа при господарот свој. Оттогаш тие сириски ограбувачки групи не одеа веке во Израилевата земја.
24 Потоа сирискиот цар Адад ја собра целата војска своја, тргна и ја опседна Самарија.
25 И настана голем град во Самарија, кога ја опседнуваа, така што една ослешка глава се продаваше за осумдесет сикли сребро, и четврт каба гулабова кал - за пет сикли сребро.
26 Еднаш израилскиот цар одеше по sидот, и една жена му зборуваше со плачење: 'Помогни ми, господару мој, цару.'
27 Тој одговори: 'Ако Господ не ти помогне, од каде ке ти помогнам јас? Од гумното ли, од точилото ли?'
28 Ја праша уште царот: 'Што ти е?' А таа одговори: 'Оваа жена ми рече: ‘дај го твојот син да го изедеме денес, а мојот син ке го изедеме утре.‘
29 И го сваривме мојот син и го изедовме. На другиот ден јас и реков: ‘дај го и ти синот свој, да го изедеме.‘ Но таа го сокри синот свој.'
30 Царот, откако ги чу зборовите на жената, ја раскина облеката своја; и, одејки по sидот, народот виде, дека тој носи на самото тело свое врекиште.
31 И царот рече: 'Тоа и тоа да ми направи Бог и уште повеке да додаде, ако остане денес главата на Јелисеја, Сафатовиот син, на него.'
32 А Јелисеј седеше во домот свој, и старците седеа кај него. И испрати царот еден од своите слуги. Пред да дојде пратеникот при него, Јелисеј им рече на старците: 'Гледате ли дека тој, син на убиец, испрати да ми ја земат главата? Гледајте, кога ке дојде пратеникот, затворете ја вратата и притиснете го со вратата. А ете го и топотот на нозете на господарот негов по него!'
33 Додека уште говореше со нив, ете пратеникот пристигна при него, и му рече на Јелисеј: 'Ете какво зло од Господа! Што да чекаме во иднина од Господа?'