2 Цареви. Chapter 4
1 Една од жените на пророчките синови со плачење му говореше на Јелисеја: 'Твојот слуга, мажот мој, умре; а ти знаеш, дека твојот слуга се плашеше од Господа; сега дојде заемодавачот да ги земе двете мои деца за робје.'
2 Јелисеј и рече: 'Што да направам за тебе? Кажи ми што имаш дома?' Таа одговори: 'Слугинката твоја ништо нема во домот свој, освен еден сад со масло.'
3 А тој рече 'Оди и побарај садови однадвор, од сите твои соседи, празни садови; собери доволно,
4 потоа оди и затвори ја вратата зад себе и зад синовите свои и налевај во сите тие садови; полните ставај ги настрана.'
5 Таа си отиде од него и ја затвори вратата зад себеси и зад синовите сови. Тие и подаваа, а таа налеваше.
6 Кога беа наполнети садовите, таа му рече на синот свој: 'Дај ми уште еден сад.' Тој и рече: 'Нема повеке садови.' И маслото престана да тече.
7 Таа дојде и му раскажа на Божјиот човек. Тој и рече: 'Оди, продај го маслото и исплати ги долговите свои; а со тоа, што ке остане, ке живееш со синовите свои.'
8 Еден ден Јелисеј отиде во Сонам. Таму една богата жена го покани во домот свој да јаде леб, и тој, секогаш кога ке минеше, навратуваше таму да јаде леб.
9 Таа му рече на мажот свој: 'Ете, јас знам, дека Божјиот чвеок, кој постојано минува покрај нас, е свет;
10 да му направиме мала горна соба над sидот и да му ставиме таму легло и маса, и стол и светилник, та кога доа а кај нас, да се повлекува таму.'
11 Еден ден Јелисеј отиде таму, се качи во горната соба своја и си легна таму,
12 па му кажа на слугата свој Гиезиј: 'Повикај ја таа Сонамка.' Тој ја повика, и таа застана пред него.
13 И му рече: 'Кажи и: ‘ете, ти толку се грижиш за нас; што да направиме за тебе? Има ли потреба да му проговориме за тебе на царот, или на војводата!‘' Таа одговори: 'Не, јас живеам ме у народот свој.'
14 Јелисеј продолжи и рече: 'Тогаш што да направиме за неа?' И рече Гиезиј: 'Ете, таа нема син, а мажот нејзин е стар.'
15 И рече Јелисеј: 'Повикај ја.' Тој ја повика, и таа застана на вратата.
16 Јелисеј и рече: 'По една година, во ова исто време, ти ке држиш на раце син.' Таа рече: 'Не, господару мој, човеку Божји, немој да ја лажеш слугинката своја.'
17 И жената остана бремена и роди син на другата година, во она исто време, како што и кажа Јелисеј.
18 Детето порасна и еден ден отиде кај татка си, при жетварите.
19 И му кажа на татка си: 'Главата, главата ме боли.' А тој му рече на слугата свој: 'Одведи го кај мајка му!'
20 Го зеде и го одведе кај мајка му. И тоа седеше во скутот нејзин до пладне и умре.
21 Таа отиде и го положи во леглото на Божјиот човек, го затвори и излезе,
22 па го повика мажот свој и рече: 'Испрати ми еден од слугите и една од ослиците; ке одам кај Божјиот човек и ке се вратам.'
23 А тој ја праша: 'Зошто ке одиш при него? Денес не е нов месец, не е ни сабота.' Но таа рече: 'Добро е.'
24 И ја оседла ослицата и му кажа на слугата свој: 'Води и врви; не запирај додека не ти кажам.'
25 И тргнаа и дојдоа при Божјиот човек, на гората Кармил. А кога Божјиот човек ја виде оддалку, му кажа на слугата свој Гиезија: 'Еве ја онаа Сонамка;
26 отрчај да ја пресретнеш и да ја прашаш: ‘здрава ли си, здрав ли е мажот нејзин, здраво ли е детето?‘' - Таа одгорови: 'Здрави сме.'
27 А кога дојде при Божјиот човек на гората, се фати за нозете негови. И Гиезиј се доближи, за да ја отстрани; но Божјиот човек рече: 'Остави ја, душата и е огорчена, а Господ ја сокри од мене и не ми јави.'
28 И таа рече: 'Барав ли јас од мојот господар син? Не зборував ли: немој да ме лажеш?'
29 Тој тогаш му рече на Гиезија: 'Опаши се преку половината и земи го стапот мој во раката и врви; ако сретнеш некого, не го поздравувај; а ако некој те поздрави, не му одговарај; и стави го стапот врз лицето на детето!'
30 А мајката на детето рече: 'Жив Господ и жива ти душата! Нема да те оставам.' Тогаш и тој стана и тргна по неа.
31 Гиезиј отиде пред нив и го стави стапот врз лицето на детето. Но не се чу ни глас, ни одговор. И му излезе во пресрет, му соопшти и рече: 'Детето не се разбудува.'
32 И Јелисеј влезе во куката, и ете, умрено дете лежи на леглото негово.
33 И влезе, ја затвори вратата зад себе и му се помоли на Господа;
34 потоа се качи, легна врз детето, ја стави устата своја врз неговата уста, очите свои врз неговите очи, и дланките свои врз неговите дланки, и се простре врз него, и телото на детето се загреа.
35 Јелисеј стана и почна да оди по собата натаму - наваму; потоа пак се качи и се простре врз него. И детето кивна седумпати и ги отвори очите свои.
36 И тој го повика Гиезија и му рече: 'Повикај ја Сонамката!' И тој ја повика. Таа дојде при него, и тој рече: 'Земи си го синот свој!'
37 Таа се доближи, падна пред нозете негови и се поклони до земја; потоа го зеде синот свој и излезе.
38 А Јелисеј се врати во Галгал. Во таа земја имаше глад, и синовите пророчки седеа пред него. И тој му кажа на слугата свој: 'Стави го големиот котел и свари лека за пророчките синови.'
39 И излезе еден од нив во полето да собира зелен; најде еден корен од дива лоза, и набра од неа полн скут диви плодови; се врати и ги стави во котелот со лека, зашто не ги познаваше.
40 Им поставија да јадат. Но штом почнаа да ја јадат леката, извикаа и велеа: 'Смрт има во котелот, човече Божји!' И не можеа да јадат.
41 А тој рече: 'Дајте брашно!' И го истури во котелот и му рече на Гиезија: 'Стави им на лу ето, нека јадат.' И во котелот не остана ништо отровно.
42 Дојде некој си од Ветарис и му донесе на Божјиот човек лебна првина - дваесет јачмени лепчиња и млади зрна во класови. И рече Јелисеј 'Дај им на лу ето да јадат.'
43 И рече слугата негов: 'Што ке им дадам на сто души?' А тој рече: 'Дај им да лу ето, нека јадат, зашто така вели Господ: ке се наситат, и ке остане.'
44 Тој им даде, и тие се наситија, и остана уште, според словото Господово.