2 Цареви. Chapter 5
1 Нееман, војвода на сирскиот цар, беше голем чвеок пред господарот свој и почитуван, зашто преку него Господ им беше дал победа на Сиријците; и тој човек беше одличен војник, но лепрозен.
2 Еднаш Сиријците излегоа во чети и запленија од Израилската земја едно мало девојче, и тоа и служеше на Неемановата жена.
3 Таа и рече на господарката своја: 'О, да отидеше мојот господар при пророкот, кој е во Самарија, тој ке ја симнеше од него лепрата.'
4 Тогаш Нееман отиде и му го кажа тоа на господарот свој, велејки: 'Така и така вели девојчето, што е од Израилската земја.'
5 И сирскиот цар му рече на Неемана: 'Стани, оди, јас пак, ке испратам писмо до израилскиот цар.' Тој отиде, земјаки со себе десет таланти сребро, шест иљади сикли злато и десет промени облека;
6 и му го однесе на израилскиот цар писмото, во кое се велеше: 'Заедно со ова писно, ете, го испракам при тебе Неемана, мојот слуга, да ја симнеш од него лепрата негова.'
7 Израилскиот цар, откако го прочита писмото, ја раскина облеката своја и рече: 'Зар сум јас Бог, да умртвувам и да оживувам, та испрака при мене да ја симнам од овој човек лепрата негова? Ете, знаете сега и гледајте, дека тој бара повод за непријателство против мене.'
8 Кога Божјиот човек Јелисеј чу, дека израилскиот цар ја раскинал облеката своја, испрати да му речат на царот: 'Зошто ја раскина облеката своја? Нека дојде при мене и нека познае, дека има пророк во Израилот.'
9 И дојде Нееман со коњите свои и со колите свои и застана пред влезот на Јелисеевиот дом.
10 Тогаш Јелисеј го испрати при него слугата свој да му каже: 'Оди, искапи се седумпати во Јордан, и телото твое ке се обнови, и ке бидеш чист.'
11 Се разгневи Нееман и си тргна, велејки: 'Ете, јас мислев, дека тој ке излезе, ке застане и ке го повика името на Господа, својот Бог, ке ја стави раката своја на местото и ке ја симне лепрата;
12 зар дамаските реки Авана и Фарфар не се подобри од сите израилски води? Не можев ли да се искапам во нив и да се исчистам?' Па се сврти и си отиде налутен.
13 Му се доближија слугите негови и му рекоа, велејки: 'Оче, да беше ти кажал пророкот нешто тешко, немаше ли да го направиш. А камо ли сега, кога ти рече само: искапи се, и ке бидеш чист!'
14 Тој отиде и се потопи во Јордан седумпати, според зборовите на Божјиот човек, и телото му се обнови како тело на мало дете и се исчисти.
15 Тогаш се врати при Божјиот човек, тој и сите придружници негови, дојде, застана пред него и рече: 'Еве, познав, дека по целата земја нема Бог, освен во Израилот; прими, пак сега дар од твојот слуга.'
16 Јелисеј одгорови: 'Жив Господ, пред чие лице стојам! Не примам.' Оној го принудуваше да земе, но тој не се согласи.
17 И рече Нееман: 'Штом е така, нека му дадат на твојот слуга земја, колку што можат да носат две маски, зашто во иднина слугата твој нема да принесува сепаленици и жртви на други богови, освен на Господа;
18 само, еве што да ми прости Господ на слугата твој: кога мојот господар оди во домот на Римона, за да се поклони таму и се потпре врз раката моја, и јас се поклонам во домот на Римона, тогаш Господ да му прости на слугата твој за поклонувањето мое во домот на Римона.'
19 А тој му рече: 'Оди си со мир!' И тој отиде од него и прилично се оддалечи.
20 Тогаш Гиезиј, слугата на Божјиот човек Јелисеја рече: 'Ете, мојот господар не сакаше да го земе од раката на тој сирец Нееман, она што го беше донел. Жив Господ! Kе потрчам по него и ке земам нешто од него.'
21 И потрча Гиезиј по Неемана. Нееман виде, дека некој трча по него, слезе од колата да го пресретна и рече: 'Дали си со мир?'
22 Тој одговори: 'Со мир сум; мојот господар ме испрати да кажам: ете, сега дојдоа при мене од Ефремовата гора две момчиња од пророчките синови; дај ми еден талант сребро и две промени облека.'
23 И Нееман рече: 'Земи, ако сакаш, два таланта.' И многу го молеше. Тогаш тој заврза два таланта сребро во две торби и две промени облека и им ги даде на двајцата слуги свои, та ги понесоа пред него.
24 Кога тој дојде до брегот, ги зеде од рацете нивни и ги сокри во домот свој. И ги отпушти лу ето, и тие си отидоа.
25 Кога дојде и се јави пред господарот свој, Јелисеј го праша: 'Од каде доа аш, Гиезиј?' Тој одговори: 'Никаде не одел слугата твој.'
26 Тој му рече: 'Зар срцето мое не те придружуваше, кога оној човек се врати од колата своја да те пресретне? Време ли е да се земе сребро и да се зема облека, или маслинови дрвја и лозја, ситен или крупен добиток, слуги или слугинки?
27 Затоа, Неемановата лепра нека се залепи на тебе и на потомството твое засекогаш.' И тој излезе од него бел како снег од лепрата.